ВИДЕО: Мечка кога ќе се разбуди од зимски сон изгледа вака

Спиела можеби и 4 месеци, и еден ден ѝ звони алармот на мобилниот, гледа во календар, сфаќа дека е пролет, и излегува да трча низ шумата и да прави што и да прават мечките. Не. Не работи така.

Мечката „се буди“ постепено, како што може да се види од видеово, и веќе во февруари почнува да ја издава главата од ден на ден за да види до кај е зимата/пролетта. А како и кај луѓе што некој период биле неподвижни, по четири месеци стутулена во пештера, мускулите на мечката се слаби и делумно атрофирани. Првите неколку дена тешко успева да се искачи од дупката, изгледа како пијана и се тетерави, и обично легнува веднаш во близина. Следната недела почнува да се движи малку повеќе и ѝ се враќаат движењата типични за мечка, но сé уште не е целосно вратена во форма. Обично се мота околу дувлото, се чеша од околните објекти, се протега, зева и сл.

И којзнае до кога ќе траело тоа (чичково вика дека има 300 видеа од горенаведените активности), ако на мечкава не ѝ се срушело дувлото, па конечно се размрдала и на крајот сосема исчезнала.

- Реклама -