Енди Мареј е женче

Енди Мареј призна дека има „слабо варење“ во однос на спортовите со насилство. Иронично, пријател е со новиот број 1 во светскиот бокс, Ентони Џошуа, уште од Олимписките игри во Лондон, кога двајцата настапуваа за Велика Британија.

Арно ама, со сигурност не му ја гледал борбата со Кличко, а тоа и самиот го призна. Мареј рече дека намерно си нашол друга занимација, зошто човекот си знае дека од бокс му се лоши. Буквално му се лоши.

„Ми се лоши од бокс. Не сакам да замислам како би изгледал меч во кој се тепа човек кого го познавам. Се сеќавам на првиот бокс меч кој го гледав. Тоа беше кога Дејвид Хеј се бореше против Владимир Кличко, а јас навивав за Хеј, бидејќи е Британец. Направив ТВ претплата специјално за натпреварот и поканив пријатели. По третата рунда ми стана лошо и отидов во другата соба. Едноставно не можев да го издржам тоа“, раскажа Мареј.

So yeah, Мареј е женче. Ама подобро така, отколку да ужива во насилство.

 

- Реклама -