Од 2018-та година, водството во Комисијата за женски права на Обединетите Нации ќе го преземе Саудиска Арабија. Таа функција ќе ја извршува до 2022 година.
Во соопштението на Обединетите Нации се наведува дека Комисијата „ќе придонесе за унапредување на женските права“ и ќе учествува во утврдување на „глобалните стандарди за рамноправност на половите“.
Очекувано, одлуката наиде на жестоки критики од невладините организации. A и на креативни карикатуристи.
„Тоа е како да ставите пироман на чело на противпожарна служба“, оценува Хилел Нојер – директорка на невладината UN Watch. Нејзиниот став го дели и една државјанка на Саудиска Арабија која студира меѓународно право во Австралија. На Твитер, таа напиша дека одлуката ја доживеала како предавство.
Факт е дека во Саудиска Арабија жените не можат да донесат речиси ниту една важна одлука, влучително и патувања, венчавки или одење на доктор, без согласност од сопругот или друг машки „тутор“ (машки член на семејството). Освен тоа, мораат да се целосно покриени (освен очите и дланките) и не смеат да возат кола.