Магазинот Sexual and Relationship Therapy се позанимава со машките оргазми, особено со одглумените.
Во истражувањето учествувале 458 мажи на возраст од 18-29 години, а биле „разгледувани“ последните четири месеци од нивниот сексуален живот.
Резултатите покажале дека дури половина од испитаните, т.е. 230 од мажите, одглумиле оргазам барем еднаш во разгледаниот период. Тие што изглумиле оргазам, велат дека тоа го прават во 1 од 4 од случаите, а најмногу за време на вагинален секс. „Веројатно затоа што тогаш е многу полесно да се одглуми отколку при орален секс“, сметаат „научниците“.
Причините за машко глумење оргазам се следните:
• поради лошо сексуално искуство
• поради тоа што партнерката не ги привлекува доволно, сексуално
• зашто испиле преголема количина алкохол пред секс
• зашто не се расположени за секс
• зашто не сакаат да ѝ ги повредат чувствата на партнерката
Од друга страна, имаме неколку прашања за ваквите истражувачи:
• Колку оптимално треба партнерката да е мутава за маж успешно да одглуми оргазам?
• По нивната логика, нели е најлесно да изглумиш оргазам за време на анален секс? Потпрашање: Има ли мажи што имаат потреба да глумат оргазам при анален секс, воопшто?
• Ако пола од мажите се способни да изглумат оргазам, зошто да им веруваме дека не глумат во анкети и истражувања на тема оргазам?
Од трета страна, зимово еден млад дечко таксист ми раскажуваше дека ситуацијата кај младите мажи (барем во Скопје) е очајна, и дека не е многу далеку од горниве статистики. Му раскажувале другари, а му се жалеле и другарки. Којзнае…