Изгледа на модната индустрија продажбата не ѝ оди баш најдобро, зашто сé поочигледно е дека сака да си го прошири пазарот сé почесто и надвор од разумните граници.
Кога машката и женската модна индустрија работат со полн капацитет, останува детската. Па така, во веќе вообичаените необични парчиња и акцесоари, сега можеме да вклучиме и дел од детските.
Имено, детскиот бренд Pee Wee Pumps претстави модел на обувки наменет за бебиња, и тој модел не е ни помалку ни повеќе, туку штикли.
Промовиран беше на Инстаграм, и нормално, предизвика големо внимание.
Додека многу мајки изразија воодушевување (каде живееме, побогу) од штиклите, ама и бисерните ѓердани, машните и шеширите, многу други го осудија ваквиот дизајнерски експеримент, нарекувајќи го „сексуализација“ на децата.
Разгледајте ја галеријата и пресудете:
Креаторот Мајл Холбрук објаснува дека штиклите имаат исклучиво естетска функција, т.е. дека станува збор за моден акцесоар кој не е наменет за одење…