За убиство на крава – доживотна робија

Кравите се свети животни во Индија. Во индиската држава Гуџарат – уште посвети. Таму се усвоени досега најстрогите закони за заштита на кравите (и животните), според кој предвидената казна за убиство на крава е доживотен затвор. Освен затворските казни, прекршителите ќе плаќаат и парична казна.

Казната за транспорт на говеда, за споредба, е 10 години затвор.

 

- Реклама -