Дискриминација заради крвната група

Повеќе... Во Јапонија е во мода мислењето дека крвната група го  одредува карактерот на човекот. Но, овој тренд појде толку далеку такашто се појави нова форма на дискриминација наречена „бурахара“, каде одредени луѓе заради нивната крвна група не можат да најдат работа.


blood-type-ca.jpgВо Јапонија е во мода мислењето дека крвната група го  одредува карактерот на човекот. Но, овој тренд појде толку далеку такашто се појави нова форма на дискриминација наречена „бурахара“, каде одредени луѓе заради нивната крвна група не можат да најдат работа.

Во Јапонија прашањето „Која е твојата крвна група?“ е многу повеќе одошто тема за разговор; тоа може да биде клучно прашање кое e одлучувачко за сè: од изборот на партнер за врска до тоа дали некој ќе добие работно место. Ниеден научен доказ не е доволен за да го размрда ова веќе широко закоренето верување.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Според ова верување, оние со А крвна група се сензитивни перфекционисти, но премногу напнати и анксиозни; оние со Б крвна група се ексцентрични и себични, типот Нулта се ведри и љубезни, но тврдоглави, а АБ типот се артистички, но мистериозни и непредвидливи. [In Japan, you are what your blood type is]

- Реклама -