Норвешка ќе го гради првиот мега тунел за бродови

Норвешка (а кој друг) одобри финансирање на амбициозен проект за изградба на првиот тунел за бродови на светот.

Ќе биде висок 45 метри, широк 36 метри и долг 1.7 километри. Ќе биде прилагоден за бродови кои носат до 16.000 тони, и имаат потопеност на трупот до 12 метри (вертикалната дистанца од површината на водата, до најдолната точка на трупот на бродот).

Според регионалниот пратеник Бјорн Лодемел, целта е да се обезбеди сигурен пат околу полуостровот Стад, и со тоа да се постави темел за индустриски развој на регионот, ама и за туристичка атракција. Освен тоа, бродскиот тунел ќе го олесни и транспортот.

Пловењето околу Стад не е идеално за бродовите. Областа ја погодуваат околу 100 бури годишно. Во тој реон има повеќе од 30 загинати во периодот од Втората светска војна па наваму.

Со новиот тунел, наместо да пловат по опасните морски води, бродовите мирно ќе поминуваат под планината.

Идејата, инаку, е стара веќе еден век, а самата изградба може да трае и 10 години. Проектот е финансиран од норвешката влада, која веќе издвои 117 милиони долари – само за испитувања. Кога ќе биде изграден, тунелот ќе биде таков единствен во светот.

https://youtu.be/zxcAYNNd-dY

- Реклама -