Умрел од порно

Еден Јапонец е пронајден мртов во неговиот стан, како што се покажало, дури 6 месеци откако починал. Ваквите случаи се сé почести во Јапонија, но ова не е најбизарниот дел од приказнава.

Овој 50-годишник е најден затрупан од неговата огромна колекција од порно списанија, кои веројатно ги собирал со години. Телото е најдено кога станодавецот конечно решил да влезе во станот, откако веќе долго време не му била платена кирија.

Случајот го потврдија и чистачите што го чистеле станот, а биле викнати за „дискретно да ги отстранат порно списанијата, за никој од соседите да не забележи“. Со оглед дека го читате ова, безбедно е да заклучиме дека баш и не си ја сработиле работата. Сеедно, тие раскажуваат како целиот стан бил натрупан со порнографија, од столовите па до фиоките. Целата колекција тежела вкупно 6 тона… 6 тона… Порно…

Не се исклучува можноста Јапонецот да умрел од инфаркт, но се претпоставува дека го усмртила огромната тежина на купот порно списанија што веројатно случајно го истурил врз себе.

Во меѓувреме, приказната за неговата смрт стана вирална, а секогаш духовитиот Интернет го прогласи за херој, зашто упорно се држел до своите порно списанија, наместо да ги „предаде“ и да ги замени со бесплатно порно на Интернет. Додуша така уште ќе беше жив.

- Реклама -