ВИДЕО: Жена од Перу фати да дои прасе среде ТВ анкета

Вистинскиот наслов требаше да биде „Што сè човек може да доживее на ТВ анкета“, ама хеј, така помалце ќе го отваравте постот.

Како и да е, ова се случува во Лима во Перу. Според британскиот Metro, новинарката ја прашува жената – фармерка што им продава свињи на локалните месари, за тоа каков ефект имале обилниот дожд и поплавите врз локалните бизниси. Жената почнува да зборува дека го чувала прасето во картонска кутија, бидејќи веќе не можело да остане во полето, особено не откако локалната река се излеала од своето корито и го преплавила. Во меѓувреме, жената го крева прасето, ја поткрева кошулата и почнува да го дои. Камерата инстантно го менува кадарот.

- Реклама -