Покрај очигледните нешта што ќе ни ги каже агентот за недвижнини, како „ова се скалите, од тука можете да се качите на вториот кат“, при изградбата на модерните јапонски куќи, кои чинат не многу повеќе од тоа што е достапно за просечен Јапонец во смисла на купување куќа, очигледно се мисли на неверојатно многу детали. Како на пример, да уклучиш болјер директно од кујната. Или врати без брави, за да не се заклучуваат децата по соби. Или магнетен стопер за врата…
Турата трае 15-тина минути (има англиски превод – кликнете на “CC” ако не ви го покажува), ама ние ја изгледавме без трепнување. Ако ништо друго, гарантирано ќе извлечете многу идеи. Скокнете до 1:51 ако не ви се гледа воведот.