Што има ново на Google

Одделите за маркетинг и креативен развој на Google – луѓето кои го постојано измислуваат ново лого за компанијата во форма на “Google doodle” – создале нов, еднакво интереснен трик.

Овој пат промената е на “I’m Feeling Lucky” копчето на Google. Кога со курсорот ќе застанете над копчето тоа ќе почне да се врти како дисплејот на казино машините и застанува на една од “I’m Feeling…” фрази, како: I’m Feeling Doodley, I’m Feeling Stellar, I’m Feeling Puzzled, and I’m Feeling Artistic.

Ако кликнете на една од овие фрази ќе добиете страна поврзана со некој од напорите на Google кој е поврзан со таа фраза. На пример ако копчето застане на “I’m Feeling Playful” можете да добиете Google doodle за 90-от роденден на креаторот на “Gumby” Арт Клоки – со скици од создавањето на анимацијата.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

“I’m Feeling Trendy” ја нуди страна со “Hot Searches” која обично е поврзана со преку Google Trends страната. “I’m Feeling Stellar” нуди страна за Хабл Телескопот и Маглината Рак во Explore делот од Google Earth. Ова е креативен начин за претставување на работите кои компанијата им ги нуди на милионите корисници.

- Реклама -