Џудо лекции со Владимир Путин

Повеќе...

После херојското соочување со тигар, Владимир Путин не престанува да изненадува со своите мачо боречки вештини. Овојпат тој го издаде своето ново DVD „Научете џудо со Владимир“.


article-1071392-02ecea3500000578-219_233x368.jpg

После херојското соочување со тигар, Владимир Путин не престанува да изненадува со своите мачо боречки вештини. Овојпат тој го издаде своето ново DVD „Научете џудо со Владимир“.

Неодамна тој го издаде ова инструкционо DVD во кое своите џудо опоненти ги фрла на под. „Научете џудо со Владимир“ е прозвод на соработка помеѓу Путин (црн појас) и поранешниот светски и олимписки џудо шампион Yasuhiro Yamashita. На презентацијата на ова DVD на денот на неговиот 56-ти роденден Путин скромно изјави дека неговиот наслов е само маркетингшки трик и дека оние што ќе го гледаат „нема да учат од нивниот скромен слуга, но од вистински гениј на боречките вештини“. 
 
Со ова Владимир Путин ја надополни сликата на мачо претседател наспроти неговиот склон кон алкохолот претходник, Борис Елцин кој почина минатата година. Откако се појавија фотографии каде Путин лови риба без маица тој стана секс симбол во неговата земја, каде ги остави без здив своите женски обожавателки.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци

- Реклама -