Најголемите забави во светот (прв дел)

intro_festivali.jpg Ви се оди на забава? Па зошто не би оделе на најголемата забава во светот? Сите знаеме за Glastonbury Music Festival, па време е да ги видите другите летни случувања кои собираат многу луѓе и нудат уникатни начини на лудување.

Ви се оди на забава? Па зошто не би оделе на најголемата забава во светот? Сите знаеме за Glastonbury Music Festival, па време е да ги видите другите летни случувања кои собираат многу луѓе и нудат уникатни начини на лудување.

Full Moon Party, Тајланд

full-moon-party.jpg
Секој месец за време на полната месчина во Ko Pha Ngan, Тајланд, се случуваат целовечерни забави.
full-moon-party-thailand.jpg

Оваа традиција започнала во 80те кога мали друштва си правеле роденденски забави на прекрасните плажи. Сега полната месечина привлекува 10 000-20 000 луѓе од целиот свет кои се добредојдени од домашните и интернационални DJи. Ако сте заинтересирани за танцување на песокот ова лето полната месечина е на 19 јули и 16 август.

full_moon.jpg

Земете си бои за тело за да се вклопите со сите флуоросцентни светски патници околу вас.

Burning Man, Америка

burning-man-trucks.jpg

Од мала група луѓе кои спонтано се собираат овој настан прерасна во заедница од 48 000 луѓе кои се забавуваат околу огромните уметнички инсталации.

burning_fest.jpg
Burning Man се одржува на крајот на август во Black Rock City, Невада, а секоја година изданието има различна тема.
burning_man_fest.jpg

Нема правила за тоа какви треба да бидат уметничките проекти, освен што секако треба да се инспирирани од темата. Секој што ќе отиде може да учествува со свое дело, а либералната заедница на овој проект одбива и користење пари. Таму може да се купи само вода, за другото – снаоѓајте се.

burningmanfest.jpg
Затварањето на фестивалот се означува со горење на џиновската човек-скулптура.
Прочитајте и:  Крвава расправија на ученици во Тирана - еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
burningman.jpg
Создадете и понесете некакво уметничко парче. Тука нема граници за креативноста.
burner.jpg

 Holi, Индија
holi.jpg
Еден од најстарите фестивали во Индија, Holi, ја слави обновата и победата на доброто над злото.
holi_india.jpg

Фестивалот трае два дена, за време на полната месечина во март. Целта на фестивалот на боите е танцување и секако мачкање едни со други со шарени бои.

holi_indija.jpg
indija_holi.jpg
Радоста на расфрлање боја не е само за децата, возрасни луѓе од целиот свет доаѓаат тука за да се опуштат и обојат.
holi_festival_na_boja.jpg

Не мора да носите ништо освен добро расположение и облека за која нема да ви биде жал ако се уништи. Боите се продаваат буквално насекаде.

 
La Tomatina, Шпанија
la_tomatina_bunol_spain.jpg
Се одржува на последната среда од август во малото гратче Buñol во Шпанија.
tomatina.jpg

Кратко кажано станува збор за тепачка со храна која се случува секое лето уште од 1945 година. Ова случување привлекува околу 30 000 луѓе кои сакаат да се маваат со домати. Земете си наочари за пливање – сокот од домати во очите не е пријатно искуство.

{youtube}FQlCg7wH6pE{/youtube}
- Реклама -