Најмонденските летни дестинации за 2008

intro_leto_2008_g.jpg Поминува долго време пред некое навистина монденско место да се најде во понудата на туристичките агенции. Оние со длабок џеб и чувство на авантура ги откриваат новите рајски одмаралишта, а откако ќе ги видите може и да се потрудите и да посетите едно од нив.


Поминува долго време пред некое навистина монденско место да се најде во понудата на туристичките агенции. Оние со длабок џеб и чувство на авантура ги откриваат новите рајски одмаралишта, а откако ќе ги видите може и да се потрудите и да посетите едно од нив.

Çesme, Турција

cesmee.jpg
cesme.jpg

Американците го нарекуваат Hamptons во Турција, само поинтересно. Убави вили, луксузни хотели и lounge клубови каде излегуваат и турските фудбалски ѕвезди. Јули и август е вистинското време за посета на ова место каде преку ден може да уживате на прекрасните плажи, а навечер да одберете еден од престижните барови и ресторани.

cheshme.jpg

 Formentera, Шпанија
more-formentera.jpg
formentera_spanija.jpg

Иако се наоѓа блиску до Ибица, нема ништо слично со својот сосед. Нема целоверчерни забави, нема гужва, а нема ни аеродром. Овде се доаѓа за опуштање, идиличното рустично опкружување веќе ги привлече богатите ѕвезди како Kate Moss и Jade Jagger. Ако сакате да лежите на прекрасен песок и да се релаксирате во некој од баровите на плажа без никакви турканици, тогаш Formentera е местото за вас.

formentera.jpg

Брегот на Либија
libija.jpg
libija_plaza.jpg

Верувале или не, Tripoli во Либија стана новата Havana. Но, овде не доаѓате за пури, туку за бескрајно долгите плажи, кафето со неверојатна арома, археолошките остатоци и новата архитектура.

libija_more.jpg

Pantelleria, Италија

pantelleria_1.jpg
 pantelleria.jpg

Омилената италијанска дестинација на пребирливите е опуштената Pantelleria, веројатно е доволно да се каже дека Giorgio Armani има куќа овде. За престој се препорачува хотелот Monastero каде се одмарале и Madonna и Sting. Во Monastero се забележуваат дрвени ѕидови, глина и калдрма, сведоци за историјата на зградата која се смета за национално богатство. Сопственик на овој уникатен хотел е фотографот Fabrizio Ferri, а освен изгледот примамлива е и локацијата, блиску до планинскиот дел, а на само 5 минути од плажата.

pantelleria_arco_dellelefante_.jpg

West Country, Англија

west_country_anglija.jpg

west_country.jpg

Во последните десет години овој дел од Англија се претвори во прибежиште на холивудските боеми како Gwyneth Paltrow, Kate Winslet и Jude Law. Тука ве очекуваат кристално чиста вода, сјајни плажи, заливи и карпести предели.


Stockholm, Шведска
clarion_sign_hotel.jpg

stockholm-visitors-.jpg
Во летниот период времето во Шведска е подносливо, а ако сте расположени за шопинг и седенки во прекрасни ресторани овде изборот е неограничен. Ако може да си дозволите престој во новиот Clarion Sign хотел вашето летување ќе биде незаборавно. Хотелот е дизајниран од најпознатиот шведски архитект Gert Wingårdh, а ентериерот е фасцинантен спој на иконите на скандинавскиот дизајн Arne Jacobsen, Bruno Mathsson и Alvar Aalto. Самиот хотел претставува галерија, насекаде во него се претставени скандинавски фотографи со своите црно-бели дела.

stockholm.jpg

- Реклама -