Тетоважите одбивни за мажите, брадите за жените

Можеби Шерил Кол, Лана Дел Реј и Лејди Гага се привлечни за некого но жените со тетоважи се најодбивното нешто за повеќето мажи – според нова анкета.

500-те анкетирани луѓе кои биле прашани што им е одбивно кај спротивниот пол. За триесет и седум проценти од мажите тетоважите биле најдобивното нешто кај спротивниот пол. Жените пак немале значајна реакција на тетоважите, тие се непривлечни само за 13 проценти од жените.

За понежниот пол најголем уништувач на романса се брадите, дури една третина (33 проценти) рекле дека тоа им е најодбивен дел кај мажите. 27 проценти од жените велат дека најодбивно нешто им е лошиот здив. Здивот е проблем за 28 проценти од мажите. На трето место кај мажите со 17 проценти од гласовите било пушењето, навика која е одбивна за само 11 проценти од жените.

Претставник на нарачателот на анкетата, ECigaretteDirect.co.uk, искоментирал: „Жените се почесто прават тетоважи во денешното општетство. Повеќето познати жени имаат барем една тетоважа.“

„Но, иако многу жени сакаат да се тетовираат, се чини дека за мажите тие се непривлечни. Тетоважите остануваат со сопственикот до крајот на животот што објаснува зошто во анкетата тетоважите се пред лошиот здив и пушењето кои можат да бидат излечени.“

- Реклама -