Во Кина: Привезоци за клучеви од живи желчиња

keychain-turtles-china[1]

Ние би пишувале само за позитивни работи, но некои нешта едноставно не може човек да ги игнорира. На пример ова, дека во Кина можеш да купиш мал привезок за клуч направен од живо желче заробено во пластична кеса.

Или од рипче. Или од сé што мрда, а може да го собере во џеб.

keychain-souvenir-with-live-fish-in-china-2[1]

Продавачите тврдат дека ставаат доволно нутрициони суплементи во пластичните контејнери за да може животното да преживее и до неколку месеци. Нормално, тоа не е точно, и животните умираат за неколку дена. Дури и да има воздух, ограничениот простор е доволен за да ги убие мошне брзо.

Стварно ли до тука стигнавме? Зар не ги „силуваме“ животните доволно?

Прочитајте и:  Huawei презентираше телефон со двојно преклопување

Ако фатиме да чешламе по кинеските легислативи, Кина изгледа се сложува со ова погоре, бидејќи не постои закон што спречува ваков вид трговија.

Од друга страна, на интернет кружи одредена петиција, наводно, за забранување на ваквата пракса. Можете да ја најдете тука.

keychain-souvenir-with-live-fish-in-china-5[1]

 

- Реклама -