Google ти го знае секој чекор, а тоа можеш и да го провериш

map2-660x440[1]

Се појави вест дека Google ги следи корисниците на смартфони каде и да одат, означувајќи ги со црвена точка на мапа, со цел да ги маркира и да ја направи нивната локација полесна за идентификација.

Сте го гледале Minority Report со Том Круз? Ви текнува кога бега од законот, но не може да избегне детекција затоа што на секој чекор постојано мора да минува низ скенери на ретината, кои потоа ја испраќаат неговата локација до централната датабаза? Нешто слично се случува и со Google.

Дури можете и сами да се уверите и да видите дали вашето движење е регистрирано од Google. Едноставно логирајте се со истиот акаунт што го користите на смартфонот и следете го линков:

https://maps.google.com/locationhistory/b/0

Ќе видите извештај од секаде каде што сте биле уште од првиот ден од месецот.

Како да го исклучиш следењето и да ја избришеш зачуваната историја

За да проверите дали локациската историја е вклучена на вашиот акаунт, одете до Google Maps Location History страната во сетинзите на вашиот акаунт, или кога ќе го отворите горенаведениот линк, кликнете на малата икона со форма на запченик (дифолт за „settings“). Таму ќе можете да видите дали опцијата за следење на локациите е активна и да ја исклучите, како и да ја избришете досегашната историја (кликајќи на Delete all Location History). Напомена, станува збор за две различни постапки кои ќе морате да ги направите одделно.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

Како заклучок: Уште не сме стигнале до точката кога ќе немаме никаква контрола врз информациите што се собираат за нас. Сега засега, дел од следењето е опционално, а Google барем овозможува да ги избришеме податоците (барем така нé уверува). Но ваша одговорност е да ги исклучите опциите за следење, кои по дифолт најчесто се вклучени. Освен ако не ви пречи некои тотално непознати фаци – чија реална моќ не ја знаете, да знаат сé за вас. Тогаш и не морате.

Извор: Anonymous 

- Реклама -