Тетоважите на Фирмино

Кога на 29 октомври Роберто Фирмиnо го соблече дресот за да го прослави голот во мрежата на Кристал Палас пред среќните навивачи на Ливерпул, две нешта го привлекоа вниманието.

Првото беа неговите нови снежнобели заби, а второто – бројните тетоважи по телото.

Знаеме дека Бразилецот сака да се тетовира, но пред голо(во)то шоу не претпоставувавме дека има толку многу мастило по телото.

Но, по стриптизот на Селхарст Парк, јасно е – Фирмино се влева во многубројната тетовирана армија која ги бранеше црвените бои на Ливерпул низ годините. Даниел Агер, Мартин Шкртел, Раул Меирелеш… И уште, и уште.

Кога зборуваме за тетоважи, се разбира дека најинтересниот дел е тоа што му значат и што симболизираат тетоважите на Фирмино. Многумина особено се заинтересираа што се крие зад грчкиот натпис над градите. Liverpool Echo ги открива загатките.

Прочитајте и:  Салах разочаран од молкот на Ливерпул: „Поблиску сум до заминување отколку да останам на Енфилд“

618x622[1]

^ Грчкиот натпис на градите всушност значи „Бог е верен“.

618x581[1]

^ На левата и десната рака Бразилецот ги има тетовирани своите родители. Натписот на германски гласи: „Љубовта кон семејството е вечна“.

618x622[1]

^ На десната рака Фирмино го има тетовирано и хипи симболот, а на прстите му е испишана годината на раѓање – 1991.

618x412[3]

^ На десната рака има и црвена роза како симбол на љубовта, а и детелина со четири листа за среќа.

618x657[1]

^ На левата рака има тетовирано „Love“.

618x345[1]

^ На градите му е тетовирано името на неговата ќерка Валентина Фирмино.

618x346[1]

^ На вратот има испишано „Deus“, што е португалскиот збор за Бог.

- Реклама -