Контрацепција и за мажи

Благодарение на медицинскиот истражувачки центар во Лос Анџелес во иднина и мажите ќе можат да користат контрацепција.

Машката контрацепција ќе се состои од гел кој ќе содржи хормони со цел да се зголеми контрацептивноста на начин што ќе се делува врз тестостеронот – велат научниците.

Освен што ќе биде од корист, овој контрацептивен гел ќе ја изедначи одговорноста помеѓу мажите и жените во врска со заштитата на несаканата бременост.

Гелот ќе носи име nestoron, сепак истиот ќе може да се користи исклучиво препишан од лекар, што значи лекарот ќе мора да изврши преглед и да го одобри користењето на овој гел.

Гелот според досегашните истражувања нема несакани појави, меѓутоа сеуште е рано ова да се заклучи – велат од истражувачкиот центар. Гелот сеуште е во фаза на тестирање и се додека не ги помине сите анализи нема да биде пуштен во продажба.

Прочитајте и:  Придобивките од цинкот за нашето тело и колку можеме да внесуваме дневно

Научниците не можат точно да кажат за колку време овој гел ќе може да го очекуваме низ аптеките, само додаваат дека се работи на анализирање и прецизирање на неговите евентуални несакани појави.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -