Малиот разрушен германски град среде Москва

mosfilm

„Мал германски град со неизговорливо име кое инстантно го заборавив. Некаде во Источна Германија. Овде луѓето не живеат веќе долго време, а само повремено доаѓаат по неколку туристи за да прошетаат низ напуштените и разрушени улици…“

Ова се зборовите со кои рускиот фотограф Дмитри Чистопрудов ги објави фотографиите што ќе ги видите во текстов, на кои изгледа како Втората светска војна да завршила вчера, а не пред половина и кусур век. И за малку, Дмитри ќе ги прелажеше „нетизените“ („жители на интернет“, од net – мрежа и citizen – граѓанин/жител).

mosfilm2

Всушност, овој разрушен „германски“ град се наоѓа во Москва, а тоа што го гледате на фотографиите што Чистропрудов ги објави на својот LiveJournal сајт, е всушност дел од џиновска сцена изградена од „рускиот Холивуд“. Зборуваме за Mosfilm. „Мосфилм“ е најголемото и најстарото филмско студио во Европа, и неприкосновен лидер во руската филмска продукција. До времето на распаѓање на Советскиот сојуз, Мосфилм имаше продуцирано повеќе од 3.000 филмови, меѓу кои и прочуените филмови од советската ера, „црвените вестерни“, некои од делата на Тарковски, како и филмски епопеи како „Војна и мир“.

Позади се наѕира модерна Москва.
Во позадина се наѕира модерна Москва.

Мосфилм работи со полна пареа и денес: продуцира повеќе од 100 филмови годишно, опфаќа десет независни студија со 13 звучни сцени, и опфаќа површина од 13.000 метри квадратни.

mosfilm16Исто така, Мосфилм нуди и туристички тури низ Рускиот Холивуд, со кои на посетителите им овозможува да ги видат нивните деопа со 170 тенкови и 50 винтиџ автомобили, како и цели градови конструирани единствено со цел да се сними одредена сцена.

mosfilm3 mosfilm7 mosfilm8 mosfilm9 mosfilm10 mosfilm11 mosfilm14

- Реклама -