Навидум обичен класичен Ролс Ројс, ама внатре…

1-146-990x660

Ентериерот е сосема друга приказна. Овој конкретен Ролс Ројс „Phantom I“ го нарекуваат „палата на тркала“ и е еден од најпрефинетите британски автомобили некогаш направен. Наскоро е закажана аукција на која се очекува да се продаде најмалку за околу 700.000 фунти (нешто повеќе од 850.000 долари).

28[1]

Бил направен во 1926 година, по нарачка на финансискиот директор на Woolworths’ (компанија за волна) – Кларенс Гаске, кој сакал да ја изненади својата сопруга со уникатен подарок. За да се осигура дека ќе биде импресионирана, Гаске неограничено го одврзал ќесето, а како резултат на тоа, само задните седишта на автомобилот чинат повеќе од еден просечен дом.

0-5-990x695
Среќликата – Maude Gasque.

Гаске (инаку лондонски Американец) ги купил каросеријата и осовините од Rolls-Royce за 1.600 фунти. Потоа го дал автомобилот на Чарлс Кларк – тогаш прочуен изработувач на пајтони од Волверхамптон, предводен од извесен г-ин Барнет, со единствено барање дизајнот на автомобилот да биде француски. Немајќи инспирација, Барнет го посетил лондонскиот Victoria and Albert музеј – (и денес) најголемиот музеј на светот, како што стои на официјалната страна. Инспирацијата му светнала кога Барнет налетал на седиште од седан кој некогаш ѝ припаѓал на Марија Антоанета, што ќе резултира со ангажирање на повеќе занаетчии и уметници од Aubusson, Франција. Заедно со Барнет, тие потрошиле повеќе од 9 месеци, и тоа само за да го сработат тапацирот на задното седиште, кој тогаш чинел околу 500 фунти (многу пари за тоа време).

2-139-990x660

3_1-990x697 16-44-990x660 15-50-990x660 14-51-990x736 13-55-990x660 12-63-990x660 11-74-990x736 10-87-990x660 9-98-990x660 8-102-990x737 7-114-990x660 6-118-990x660 5-125-990x511 4-132-990x660 3-135-990x660

- Реклама -