18-годишниот Али Мошлмани од Австралија поднесе тужба против неколку медиуми, и тоа светски познати, заради тоа што ја исмеваа неговата фризура.
Момакот со прекар Зиги (а како поинаку), стана интернет сензација во Австралија откако медиумите ја објавија фотографијата од една забава на која Мошлмани игра со девојка. Додуша не беше само таа фотографија, туку и фотошопирани зафрканции со неговата коса, а на тело на твор или магаре (барајте си ги сами, нејќеме тужба).
На листата се и имиња како „Дејли Мејл“, „Сиднеј Дејли Телеграф“ и „Аустралијан Радио Нетворк“.
Адвокатот на тинејџерот тврди дека неговиот клиент е исмеан и „оклеветен како ужасно грдо младо момче“, но окружната судијка Џудит Гибсон, која ќе одлучува за предметот, смета дека повеќето медиумски коментари на фризурата на Мошлмани се од „духовита природа“, а дека никаде не се спомнува дека е грд. „Коментари за грда фризура не значат автоматски дека и лицето е грдо“.
Ако сепак случајно Зиги успее да земе отштета од медиумските гиганти и почнете да гледате вакви фризури низ Скопјево, знајте, тоа сме ние од редакцијата на 365.com.mk.