Видео: Чопор улични кучиња уништуваат автомобил

Сопственикот на една паркирана Тојота во Турција бил мошне непријатно изненаден кога утрото си го нашол автомобилот оштетен и со откинат браник.

Мислејќи дека се работи неуспешен обид за кражба, сопственикот пријавил во полиција, но дури кога полицијата извршила увид и ги прегледала снимките од безбедносните камери било откриено дека вистинскиот виновник е чопор од улични кучиња, кои најверојатно бркале мачка која се сокрила во шуплините на предниот дел на автомобилот. Штетата е проценета на 1.500 евра.

 

- Реклама -