Трамп vs. Клинтон: Во центарот, но на маргините

Clinton, Trump pick up big wins

Може ли аутсајдер како Доналд Трамп да победи кандидат со искуство и поддршка како Хилари Клинтон? Тоа ќе зависи од гласовите на работничката класа за кои ниту една голема партија не се грижи, освен за време на избори.

-„Системот е превртен наглава“. Веќе знаеме дека кандидатот со најголем уддел во гласањето на национално ниво не секогаш станува американски претседател: дека трката за Белата куќа ја игнорираат три-четвртини од државите, во кои исходот од изборите изгледа како јалов заклучок, дека скоро шест милиони американци со криминално досие го загубиле правото да гласаат; дека 11 проценти од потенцијалните гласачи немаат документи за идентификација кои се бараат на гласачките места; дека изборниот систем им дава на двете најголеми партии одлучувачка предност. Ниту пак не сме свесни дека парите, медиумите, лобирањата и преместувањата на други гласачки места го изобличуваат демократскиот процес.

Но на овие избори има и уште нешта: чувството за партиската поделеност, гневот изразен на предизборите од страна на 12 милиони граѓани кои гласаа за сенаторото Берни Сандерс и 13,3 милиони поддржувачи на републиканскиот милионер Доналд Трамп. Тоа се докази дека системот е свртена наглава заради политичарите, и републиканци и демократи, кои започнаа војни на Блискиот исток кои ја осиромашија САД без да донесат победи. Превртен, затоа што мноштвото од населението продолжува да плаќа за последиците од економската криза која ги чини оние кои ништо не сториле да ја предизвикаат. Превртен, затоа што претседателот Барак Обама разочара заради големите надежи за промени кои ги вети во неговата кампања во 2008 година. Превртен, затоа што републиканските гласачи не видоа скоро никаков прогрес откако беа мобилизирани да ја преземат контролата врз двата дома во Конгресот во 2010 и 2014 година. Системот е превртен затоа што ништо не се промени во Вашингтон, затоа што Американците се чуствуваат искористени од давата, односно олигарсите кои ги држеа во неизвесност, заради нееднаквоста која расте уште повеќе и заради стравот кој ја обзема средната класа.

А изборите почнаа толку добро. На страната на демократите, партиската номинација на Хилари Клинтон требаше да биде лесно како песна, династијска смена силно потпомогната од Обама, но се претвори во борба против тврдоглавиот седумдесетгодишник Сандерс. Тој сите ги изненади со мобилизирањето на милиони млади гласачи, на селското население и работничката класа со неговата антикапиталистичка кампања. Парите не беа пречка: тој собра огромни суми од милиони ситни донации, спроведувајќи еден од најомразените начини на кој американската олитика се извртува. Овој изненадувачки исход изгледаше се поветувачки додека Доналд Трамп исто трошеше далеку помалку во неговата почетна кампања која неколку републикански противници кои тој ги прегази.

Жестината против тековната влада ги карактеризираше повеќето претходни претседателски кампањи, но денес дури и конзервативните гласачи за поголема интервенција на државата во економијата. Жалопојките за намалување на буџетите за социјална помош, пензиската „реформа“ и кратењето на бенефитите за невработените не се дел од програмата на Трамп. А за слободната трговија – која е централна тема во неговата кампања – тој сака да ги укине зделките договорени од неговите демократски и републикански претходници и да воведе тарифи за американски компании кои ќе се преселат во други земји. Покрај тоа, и тој и Хилари Клинтон се согласуваат дека владата треба да ја финансира исклучително скапата реконструкција на инфраструктурата во државата. Така е скршен двопартискиот глобалистички консензус. Корпоративна Америка, со својот цинизам и алчност, ја уништи можноста за автоматска врска помеѓу својот просперитет и оној на државата.

Иако дури и Клинтон вети дека ќе го продолжи наследството на нејзиниот сопруг Бил (главниот архитект на пресвртот на Демократската партија кон десно пред 25 години) со важни економски цели, партијата веќе не изгледа како таа која двојката ја симболизираа кога за последен пат беа станари во Белата куќа. Гласачите Демократи се се повеќе наклонети кон лево и се помалку привлечени од удобствата од републиканците: терминот „социјализам“ веќе не ги тревожи. А Хилари требаше да направи отстапки за гласачите на Сандерс за четири клучни аспекти од 90-ите кои го одбележаа свртувањето на „новите демократи“ кон десно: договори за слободна трговија, големо намалување на бројот на затвореници, финансиска дерегулација и минимална плата.

Кршење на камените табли

Безмилосноста на Трамп против мексиканските емигранти и исламот, неговиот сексистички став и негопвите расистички напади предизвикуваат таква одвратност што неколи други нешта кои тој ги кажува понекогаш минуваат и незабележани. Но кога ќе стане збор за трошоците за социјална помош, трговската политика, правата на хомосексуалците, меѓународните сојузништва или воените ангажмани во странство, Трамп толку одлучно ги крши светите принципи на републиканците што е тешко да се замисли дека лидерите на „големата стара партија“ дка во блиска иднина воопшто ќе се навратат на овие принципи. Освен ако тие немаат намера дефинитивно да ја „жртвуваат“ својата база, која веќе сигнализираше за својата нетрпеливост со гласањето на предвремените избори за кандидат кој кој не знаеше како да се смири, дури и кога зборуваше за својата партија. Трамп велеше: „Нашите политичари агресивно ја спроведуваа политиката на глобализација. Глобализацијата создаде финансиска елита која богато ги наградува политичарите. Но остави милиони наши работници со ништо освен со сиромаштија и главоболки“. Ова е пикантна опсервација од милијардер кој го дели своето време меѓу пентахус на Менхетен и неговиот приватен авион, но сепак и не е толку лош заклучок.

Сето ова може да наведе дека по се, системот и не е превртен – како што неодамна напиша Френсис Фукујама во Форин афеарс, „американската демократија функционира, затоа што реагира на јавниот гнев, ги комплицира плановите на династијата Клинтон, ги понижува републиканските барони, и ја отвара темата за нееднаквоста, протекционизмот и деиндустријализацијата во центарот на изборниот процес.

Можеби исто звучи и како зближување на двете политички заблуди. Со текот на времето, Демократската партија стана алатка за образуваната средна класа и професионалците, но истурка од себе огромно мнозинство црни и хиспано гласачи истакнувајќи го знакот за својата „различност“. А со поддршка од синдикатите, таа ја задржа работничката класа во својата изборна база. Сепак, нивната визија за прогрес пропушти да стане егалитарна: понекогаш е индивидуалистичка и патерналистичка („труди се повеќе“) а понекогаш меритократска („учи повеќе“), но не нуди иднина на периферната Америка од средиштето која, дачеку од бреговите, останува отсечена од проспериетот на големите глобални градови. Оваа Америка е сведок на исчезнување на индустриските работни места кои долго време беа сржта на средната класа со базично високо образование, но сепак уверена во својата иднина.

Пред Трамп, Републиканската партија имаше малку ним да им понуди. Приоритетите на партијата беа намалување на даноците за бизнисите и овозможување тие да го извезуваат капиталот и производството во странство. НО ако зборуваме за земјата, религијата и моралноста кај работниците и белиот пролетаријат, и со поттикнување на средиштето на Америка да верува дека нивниот пад е предизвикан од заштитените малцинства и арогантните интелектуалци, конзервативците овозможија одредените жртви на нивната екномија и бизнис политики со години да служат како ослонец за нивниот изборен топ.

Популарноста на Трамп со овие луѓе функцинира различно. Тој ретко зборува за Библијата и „традиционалните вредности“ и инсистира на бранење на индустријата и ревизија на трговските договори. Клинтон направи малку да ја придобие воздржаноста на многу негови гласачи кога ги смести во „кошничката со искористливите“ кои се „расисти, сексисти, хомофоби, ксенофоби, исламофоби“. Таа ја понуди оваа дијагноза на њујорчки настан за собирање средства пред „кошничка“ од луѓе кои беа доволно воодушевени, со оглед на оа што платија доста за да ја слушаат како таа зборува.

Прочитајте и:  Спејсикс го лансираше шестиот пробен лет на Старшип од Тексас во присуство на Трамп

Можно е избори кои се впечатливи заради таквата идеолошка стресност – па дури и желба да наполни цела количка со јаболки фрлени за грабање – сепак ќе донесат победа за статускво кандидат? Да, со оглед на тоа што Трамп е аутсајдер кој е дури и поомразен отколку што е таа. И дека, на крајот, е тоа можеби главниот пат зошто е системот превртен. САД не се единствени во однос на ова. Франција можеби ќе доживее нешто слично следната година: гневот кај јавноста за глобализацијата, социјалната сегрегација и бенефитите за елитите, но сето тоа е менливо накратко од политичката игра чии жални резултати неппогрешливо го следат правилото на тост со путер. Бидејќи ништо неочекувано нема да дојде од Клинтон затоа што е таа опкружена со експерти, анкетари и луѓе од односите со јавноста, и се пресметува според нив во делче од сантиметар, Трамп ги растресе работите со преорување на светата стратегија на неговата партија.

Реизборот на Барак Обама во 2012 година го изненади лидерството на републиканците. Тие заклучија дека за да победат, ќе треба да ја намалат изборната предност на демократите меѓу црната заедница – иако тука Клинтон има малку уддел во однос на Обама – а посебно меѓу хиспанците кои претставуваат се поголем процент од населението. Со оглед на тоа што хиспано-американците често беа истуркувани од рестриктивните емиграциски политики на републиканците, партијата призна дека треба да пкаже поголема отвореност и да понуди амнестија за некои илегални емигранти. Во теорија, бидејќи избирачката лојалност не е вклучена во ДНК кодот на луѓето, ништо не ги спречува хиспано-американците да гласаат за десницата, ако се спротивставуваат на абортусот или одбиваат да плаќаат даноци. Полски, италијански или литвански емигранти гласаа за демократите се додека не ја свртеа својата поддршка за републиканецот Роналд Реган; во 2000 година, 70 проценти од муслиманите го поддржаа Џорџ Буш, но осум години подоцна 90 проценти гласаа за Обама.

Наметнат страв од емигрантите

Наместо да стреми кон нови гласови од латино или црната заедница, кои се противници на републиканците, Трамп избра да фрли се на зголемување а неговата предност кај не-хиспано белите. Тие се можеби опаднатиот дел од населението, но тие сепак учествуваа со 74 проценти на изборите во 2012 година. За да ја мобилизира оваа група, посебно нискоквалификуваните работници и оние само со средно образование, Трамп наметна страв од проток на емигранти кои се закануваат на безбедноста и од губење на националниот идентитет, и забревта за индустриска ренесанса („Да ја направике Америка повторно голема!“). Таквата реторика оддекнува кај социјалните групи кои демократскиот естаблишмент воглавно ги занемарува, затоа што тоа не ги отсликува со дигиталната модерност или демографската различност, најверојатно затоа што таа смета дека овие групи се мачат со културата и универзумот чии денови се избројани, и кои се во опаѓање и „искористливи“.

Метрополите учествуваат во растечкиот уддел на американскиот просперитет и продукцијата на идеи, но сепак перифералните држави ќе ги одлучат изборите. Веќе неколку месеци, Калифорнија и Њујорк се оставени во сенка, затоа што нивниот резултат – демократ – е веќе познат кај сите и изборната маргина веќе не е важна. Во меѓувреме, Охајо, Пенсилванија, Мичиген и Висконсин се во фокусот, таму се се фрла затоа што исходот во овие држави е уште понеизвесен; таму е свретно вниамнието и многу се вложува. А што слушаат кандидатите? Дека овие држави, чие население е воглавно бело, повозрасно и општо помалку образувано отколку што е просекот, изгубија стотици илјади работни места заради преместување на производството во странство и конкуренцијата од Кина и Мексико, дека недустриското замирање таму се шири, и дека тие имаа помала корист од економското заздравување отколку остатокот од САД. Јазикот на Трамп за протекционизмот и анксиозноста тука многу добро функционира: на Клинтон и оди многу потешко да ги користи успесите на претседателот Обама.

Можеби наскоро ќе дојде време кога големите американски градови ќе се прошират уште повеќе и емиграцијата ќе ја преобликува САД во земја каде „малцинствата“ се мнозинство. Тогаш демократите можеби ќе можат и без работничката класа од средниот запад, како и што претходно функционираа и без сиромашните бели од југот. Но сега не е тоа време. Годинава е сеуште ризично за партијата на Клинтон да ги отфрлат сите оние кои реагираат критички на проблемите кои ги создадоа демократите, и да предложат обуки или нова кариера, или да се преселат. Затоа што со Трамп во рингот, демократите не можат повеќе да бидат сигурни дека се единственото прибежиште за електоратот за она што остана од работничката класа. Клинтон, која е персонификација за политичката елита која повеќе од четврт век го води работничкиот свет кон катастрофа, затоа мора да ги земе во предвид луѓето чија економска судбина е под закана и кои се преплашени од губењето на социјалниот статус. Нејзиното си-ви е непосредливо, но во 2016 многу американци изгледа сакаат да го изроваат целиот систем и да искористат прачка динамит наречена Доналд Трамп да го стори тоа.

И така одеднаш белата популација која страда пак стана важна, и влезе во фокусот како што црниот лумпенпролетаријат беше пред половина век. И откриваме дека животниот век опаѓа кај рударите од Апалачките планини, тутунарите од Вирџинија, и сите оние кои биле присилени да сменат работа и да станат чувари во Волмарт за третина од нивната претходна плата. Животниот век кај белите мажи без високо образование сега е скоро 13 години понизок во споредба со образуваните бели мажи (67,5 наспроти 80,4 години) и кај жените нешто повеќе од десет години (73,5 наспроти 83,9 години). Заложилниците и дуќаните за менување чекови веќе не можат да се видат само во црнечките гета, а истото ваѓи и за младите самохрани мајки кои се на социјална помош, има високо ниво на дебелеење, зависници од дроги и самоубиства. За оваа популација, искуството на Клинтон и за нејзиниот респект како функционира Вашингтон, не се неопходно важна вредност.

Што ќе значи „пост-индустриската“ иднина за нив кога сите рудници за јаглен ќе бидат затворени, кога таксистите и возачите на камиони ќе бидат заменети со безвозачки Гугл возила, кога продавачи во супермаркетите станаа бар-код читачи и роботи кои ќе ја вршат таа работа? Дали сите тие ќе станат програмери? Лица за дочекување на аеродроми? Самовработените доставувачи на храна со велосипед за апликации за смартфони, оние кои издаваат соби Ербнб со туристи, градинари одгледувачи на органска храна или домашни помошници? Клинтон не реагира на ваквата загриженост; таа веројатно како одбивност кон прогресот. Трамп труби на сиот глас за ова, обидувајќи се да ги придобие исплашените луѓе со својата лична недоделканост и неговиот недостиг од умеење да поентира: „Па што има да загубите?“

Превртен или не, наскоро ќе дознаеме дали американскиот систем стана толку кревок што ќе се потпира на човек како Трамп. Но ако уште некој терористички напад, лошо телевизиско појавување или објавување на уште компромитирачки електронски пораки помеѓу сега и изборите ја држат Клинтон подалеку од Белата куќа, тоа ќе докаже дека не само партијата во статускво нема да може да се бори со авторитарната десница, туку и дека вториве добива голем дел од својата енергија од неуспешните политики на неолибералната левица.

Ле Монд дипломатик-Париз

- Реклама -