Зошто принцот Џорџ носи само кратки панталони

treta0nje6zwsl1b0b7t5jrudtafw2ga-large[1]

При посетата на кралското семејство на британскиот принц Вилијам на Канада, модните фанови како и по обичај се фокусираа на облеката. Сепак, овој пат забележаа нешто интересно.

Тригодишниот принц Џорџ носеше единствено кратки панталонки. И тоа не за прв пат.

2(796)[1]

Според познавачите, има добра причина зад тоа.

За Daily Mail, Вилијам Хенсон тврди дека шорцевите на младите момчиња кај Британците се премолчен симбол за класа. Имено, тие ги сметаат долгите панталони за облека која ја носат претставниците на пониските класи на општеството.

4(662)[1]

„Не само што војвотката на Кембриџ треба да се грижи за она што таа го облекува на официјалните настани, но мора внимателно да ја избира и облеката на своите деца. И да најде баланс помеѓу кралската традиција и наследство, и навиките на обичното население, кое им облекува долги панталони на момчињата“, вели Хенсон. „Јас не мислам дека правилото за шорцеви е ново за Кетрин. Се сомневам дека нејзината мајка – слично на повеќето богатите мајки од средната класа – ги облекуваат своите момчиња според истото“.

 

- Реклама -