Кога во врската еден од партнерите изневерува, работите се менуваат. Кога е во прашање третата личност, не треба да се биде детектив за да се забележат промените во односот. Постои стереотип кој вели дека мажите тоа го прават почесто од жените, но вистината е дека жените тоа го прават повешто и знаат подобро да ги сокријат своите изневерувачки активности.
Еве кои знаци во креветот повеќе од доволно покажуваат дека партнерот ве изневерува.
Отсутност за време на секс
Со текот не времето многу парови влегуваат во стадиум во кој сексот отпаѓа во позадина на врската, посебно ако не се обидуваат да ги оживеаат страстите, љубовта, фантазијата и желбата. Третата личност сето тоа ќе го нагласи, затоа што еден од партнерите ќе доживува задоволство со некој друг, надвор од домашниот кревет. Освен ако не станува збор за умор, нерасположение или депресија, избегнувањето на допирите на саканата личност, отсутниот поглед и дисконекцијата за време на сексот се многу лоши знаци.
Игнорирање на сексуалната возбуда
Ако некогаш вашиот партнер бил воодушевен дури и од некое ново парче облека, а сега само повремено ви кажува некој рамнодушен коментар, или што е уште полошо, воопшто не кажува дали сте секси или не, тоа е дефинитивно основа за непријатни чувства и дилеми. Секоја жена во обидот да добие страстни комплименти од партнерот ќе направи бразилкска депилација, или ќе купи заводлива долна облека, а ако тој остане рамнодушен на тоа, тогаш нешто дефинитивно не е во ред.
Грижа за интимната зона
Повеќето мажи тврдат дека сакаат нивните срамни влакна да имаат природен облик, затоа што тоа ги прави помажествени. Меѓутоа, многу од нив би направиле отстапки, ако пратнерката тоа го побара, затоа што знаат дека промената ќе биде страстно наградена. Проблемот се јавува ако мажот се одлучи на ваков чекор со партнерката со која долги години е во врска, особено ако таа тоа никогаш не го барала од него. Неминовно се поставува прашањето за кого тоа слатко изненадување било наменето.
Изговор по изговор
Неверството може кај паровите да предизвика драстично намалување на редовните сексуални односи. Кога тие ќе дојдат до фазата на бледа сенка, тогаш значи дека е време за акција со која ќе се дознае што точно се случува. Секако, опустошениот сексуален живот може да се јави поради многу причини, па поради тоа не треба да се носат прерани заклучоци. Имено, сомнежот треба да се јави ако за време на викендите кога ја имате цела куќа на располагање за да го надоместите пропуштеното, упорно ви се сервираат изговори.
Кондоми
Што ќе почне да ви се мота во главата ако одеднаш во новчаникот или џебовите на партнерот пронајдете кондоми, а вие одамна престанавте со него на тој начин да се заштитувате. Иако секогаш постои можност дека ги добил како подарок од пријател или, пак, како рекламна промоција, веројатно е дека нешто друго се крие зад целата ситуација. Третата личност.