Илјадници Јапонци биле измамени така што купиле австралиски и британски овци, а им било кажано дека се работи за пудлици.
Илјадници Јапонци биле измамени така што купиле австралиски и британски овци, а им било кажано дека се работи за пудлици.
Фирмата "Пудлс ес петс" (Пудлици за миленичиња) увезла цели стада јагниња во Јапонија, и ги нудела како модерни миленичиња за 1.600 долари од животно. Тоа е мала сума во споредба со цената за вистинска пудлица што во Јапонија изнесува двојно повеќе. Измамата била откриена кога јапонската филмска sвезда Маико Кавамаки се појавила во една говорна емисија и рекла дека се чуди зошто нејзиното ново милениче не лае и не јаде кучешка храна.
Таа многу се изненадила кога и кажале дека се работи за овца. По ова стотици жени пријавиле во полиција дека се сомневаат дека нивната нова "пудлица" е овца.
Еден брачен пар рекол дека почнале да се сомневаат кога го однеле нивното "куче" да му ги средат канџите на шепите и кога им рекле дека животното има копита. Јапонската полиција претпоставува дека можно е две илјади луѓе да биле измамени од фирмата што работела во Сапоро и го искористила фактот дека овците се ретки животни во Јапонија и дека многумина не знаат како тие изгледаат.