Мистеријата на малото џепче на фармерките

pocket_shutterstock_427994863[1]

Во предниот десен џеб на сите фармерки има уште еден, мал џеб. Што бара таму?

Излегува тоа да ти било џепче за часовник, од оние на синџирче. Првично е измислено за каубојците кои имале потреба од сигурно место каде нивните часовници ќе бидат истовремено добро заштитени, а и доволно достапни.

Денес џебните часовници се далечно минато и ретко кој од нас е каубој, ама затоа пак во меѓувреме му најдовме куп други примени на малото џепче во џебот на фармерките.

На сајтот на Levi Strauss пишува:

„Првите фармерки имаа 4 џеба – само еден одзади, а два напред, плус малото џепче за часовник. Оригинално додадено како џеб за џебни часовници, ова есктра џепче се покажа корисно за многу други функции, за кои сведочат неговите многу имиња: предно џепче, џеб за кондоми, џеб за парички, џеб за ќибрит, џеб за тикети – се само дел од нив…

Не само што е корисно за мали дрангулии, туку е и мошне сакано од џинсерите, на кои им се допаѓа избледениот и износениот лик што го добива со тек на време“.

Пфф, ете. А очекувавме нешто многу поспектакуларно.

- Реклама -