Кен Блок ја промовира Gymkhana NINE

51f4eea7-c788-4f67-82a6-e0be05cd1ced_790

Иако, сеуште не поминала една година од појавата на видео од серијата Gymkhana на Кен Блок, автомобилскиот ас објави дека новата – деветта серија ќе биде објавена на 13-ти септември.

Во моментов Блок не коментира многу детали за новата иницијатива, а во промо-видеото преовладува многу чад од „изгорени гуми“, што само ги „пали“ дополнително фановите. Едно е сигурно дека дека во оваа епизода ќе биде вклучен натпреварувачкиот рели-крос автомобил на Кен – Ford Focus RSRX.

https://youtu.be/J1PzKD9q4T4

Претходното видео од серијата – Gymkhana 8, има речиси 20.000.000 прегледи.

Автоплус

- Реклама -