И тие што имаат видено Ролс Ројс, немаат видено Ролс Ројс со откорнато знакче, како што е случај со многу Мерцедеси. Тоа е така со причина: во сите модели понови од 2004-та, Ролс Ројс има врадено специјален механизам за спречување на кражба и оштетување на „Духот на екстазата“, како што е наречено знакчето.
Иако на видеото изгледа како демонстраторот да е премногу нежен во обидот да го скрши, тој е всушност внимателен. Механизмот е направен многу поцврсто отколку што изгледа – доволно цврсто за да ви вклешти неколку прсти и да ве прати дома офкајќи. Тоа што не се гледа во видеото, е и дека го вклучува алармот. А кога „опасноста“ ќе помине, сопственикот повторно може да го „активира“ знакчето од возачкото место.