Да закачиш GoPro камера на мало и брзо животно како што е верверичката воопшто не е исто како да закачиш камера на чита или куче, на пример, и е практично невозможно. Затоа YouTuber-от Viva Frei смисли малку поинаков план: натерај ја верверичката да мисли дека камерата е храна, и потоа трчај по неа во надеж дека ќе си ја добиеш опремата назад. Некој врвен режисер да го планираше ова, немаше вака добро да излезе.