Електрошокови за интернет зависниците во Кина

chinanet_hmed_8p.h2ppСун Јутинг ги поминува неговите денови затворен позади метални решетки
во институција водена од војската, оставен таму од неговите родители.
На 17-годишниот средношколец не му е дозволено да комуницира со
другарите, па неговите единствени придружници се психолозите, сестрите
и останатите пациенти. Секое утро во 6:30 го буди војник кој му
вели:„Ова е за твое добро“.


Сун Јутинг ги поминува неговите денови затворен позади метални решетки во институција водена од војската, оставен таму од неговите родители. На 17-годишниот средношколец не му е дозволено да комуницира со другарите, па неговите единствени придружници се психолозите, сестрите и останатите пациенти. Секое утро во 6:30 го буди војник кој му вели:„Ова е за твое добро“. 

chinanet_hmed_8p.h2


Грешката на Сун: Тој е интернет зависник.

Алармирани од анкетата која откри дека скоро 14 проценти од тинејџерите во Кина се ранливи на зависноста кон интернетот, кинеската влада лансираше национална кампања за да го одбележи она што тие го нарекуваат „социјален проблем“ кој и се заканува на нацијата.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

Кинеската влада во последните месеци и се придружи на Јужна Кореја, Тајланд и Виетнам во преземањето мерки за лимитирање на времето на тинејџерите онлајн.

Во Америка постојат повеќе дебати дали интернет зависноста би требало да се дефинира како ментално пореметување, бидејќи таа ги тера луѓето да ја запоставуваат работата, училиштето и социјалниот живот.

Но, ниедна земја не отиде толку далеку како Кина, спроведувајќи јавна војна против овој вид на зависност.

Во клиниката во Даксинг, предградието на Пекинг, се пријавуваат по 60 пациенти дневно. Нивната возраст варира од 12-24 години. Многу од нив биле натерани да дојдат од нивните родители, кои месечно плаќаат $1.300 што е 10 пати повеќе од просечната месечна плата.

Прочитајте повеќе овде…

- Реклама -