Во мај, светот му се восхитуваше на прототип дизајнот за автобус, направен на подигната платформа за да вози буквално над и низ сообраќајниот метеж. До толку беше иновативен, што многумина беа скептици дека Transit Elevated Bus (TEB) некогаш ќе стане реалност.
Е па, не само што e направена првата „лруга“ за TEB, туку направен е и првиот тест модел на возот, кој тукушто го заврши првото пробно возење, во кинескиот град Квинхвангдао (Qinhuangdao).
Кога прв пат беше претставен на 19 мај на Интернационалниот Хај-Тек Експо во Пекинг, во форма на мини-модел, производителот Jinchuang Corp најави дека автобусот ќе биде подготвен за во август. Веројатно никој не ги сфати сериозно, ама ете, на 2-ри август, првиот „вагон“ на TEB ги извози своите први 300 метри од трасата. Сега Jinchuang Corp најавуваат дека автобусот ќе биде завршен за само една година. Овој пат, им веруваме.
А ова е внатре:
Од дебито:
https://youtu.be/xzpU4RjjJ8k