Пушењето во факултетите е забрането со закон. Сепак, причините се разликуваат од факултет до факултет.
Медицински факултет: Пушењето е штетно по здравјето.
Правен факултет: Во склад со Законот за заштита на населението од изложеност на чад од тутун, забрането е пушење во факултетските простории.
Економски факултет: Да пушиш не се исплати.
Градежен факултет: Ако пушиш не си градежник, само обичен ѕидар.
Природноматематички факултет и институт по хемија: Не пуши! Ќе летнеме сите во воздух!
Православен богословски факултет: Пушењето е грев.
Стоматолошки факултет: Пушењето му штети на изгледот и здравјето на вашите заби.
Филолошки факултет: Пушењето предизвикува рак на јазикот.
Филозофски факултет: Што воопшто значи забраната? Слободната волја те тера да пушиш, а општата ти забранува.
Факултет за физичко образование: Пушењето е штетно по твојот колоквиум.
Факултет за туризам: Не пуши. Ќе немаш време за пазарење во фри шоп.
Факултет за драмски уметности: Ако можеш, пуши. Пушењето ја зголемува театралноста на сцените.