Се преправал дека има 12 години

rodreick_450x563ppДали оваа фаца ви личи на 12-годишно дете? Во САД 29-годишен сексуален
престапник успеал да се претстави како 12-годишен ученик и да
присуствува на настава неколку месеци пред да биде уапсен.

 

rodreick_450x563

 

Дали оваа фаца ви личи на 12-годишно дете? Во САД 29-годишен сексуален престапник успеал да се претстави како 12-годишен ученик и да присуствува на настава неколку месеци пред да биде уапсен.

Не само што ги убедил школските власти дека тој е мало момче(уште еднаш, погледнете ја сликата), туку и измамил двајца мажи со кои живеел во тоа време. За да биде уште почудна приказнава, со двајцата имал сексуални односи додека тие биле под импресија дека водат љубов со 12-годишно момче.

stiffler_125x175Neil Havens Rodreick II се појавил во Мингус Спринг средното училиште во Аризона под името Кејси Прајс. Тој бил придружуван од 61-годишниот Лони Стифлер(тој со кутрата фаца), односно еден од мажите што живеел со него, кој тврдел дека му е дедо.

Училиштето ги известило властите кога документацијата на „дедото“ се покажала како фалсификувана.

Еден професор од училиштето за Кејси изјавил: „Беше многу мирен. Секогаш пишуваше домашно. Никогаш не беше казнуван дисциплински.“

Кејси Прајс наводно ги сретнал Стифлер и Роберт Џејмс Сноу (43) преку интернет. Одлично се преправал дека е млад тинејџер со тоа што ги депилирал влакната од телото и користел шминка.

Кога локалните детективите им кажале дека воделе љубов со 29-годишен маж, а не со тинејџер, тие биле видно вознемирени.  Пауза. :))))))))))

Тројцата мажи биле обвинети за измама и обид за фалсификување, додека Сноу и Стифлер завршиле и со обид за малтретирање деца и сексуален контакт со малолетник.

А да…се запознале на интернет. Еве една епизода од South Park на слична тема.

- Реклама -