Повеќето работодавци се согласуваат дека кога станува збор за вработување, техничките вештини се далеку од доволни, пишува Business Insider.
Менаџер како менаџер, сака да се увери дека човекот кој ќе се придружи на компанијата, исто така умее и нормално да комуницира со другите.
За Фејсбук, оваа вештина е од клучно значење. Во статија за Harvard Business Review, Џеј Парик – главен раководител на инженерингот и инфраструктурниот оддел на социјалната мрежа – изјави дека неговата компанија вработува главно луѓе кои поседуваат „вештина на прилагодување кон тимска средина”.
Сепак, Фејсбук преферира да не ги поставува оние досадните прашања од типот „Кажете ми за времето во кое сте работеле на некој групен проект“. Компанијата има далеку поделикатен пристап кон прашањето.
„Можете ли да ни раскажете за 4 луѓе, чии кариери сте фундаментално сте ги подобриле?“ – Ова е едно од прашањата кои, според Парик, Фејсбук редовно ги користи за да процени колку се добри тимските вештини на кандидатот. Со овој метод, компанијата ги филтрира егоистичните вработени и оние со манија за самовеличење.
Кога одговара на ова прашање, еден кандидат треба јасно да покаже дека неговите приоритети се компанијата, тимот и тој самиот, во овој конкретен редослед, дополнува Парик.
Со други зборови, Facebook се обидува да изгради компанија во која работат главно посветени вработени. Професор Адам Грант тврди дека луѓето кои „даваат“ се далеку поуспешни од „земачите“, како и од оние кои се обидуваат истовремено да работат и во своја, и во корист на останатите. Тој додава дека меѓучовечките односи се исто толку важни за успехот, како и напорна работа, талентот и среќата.