Пар забавни моменти од меѓународниот извоз

Во денешната надворешна трговија учествуваат речиси сите земји на Земјата, па логично е дека освен традиционалниот извоз, тука ќе налетате и на доста необични стоки, а за кои има сериозни купувачи.

На пример, Канада секоја година извезува двогледи во вредност од 2.9 милиони долари во Бахреин. Ги снабдува Хаити со пушена харинга, бидејќи оваа риба е многу издржлива дури и во тропски услови. За спермата на канадските биволи, пак, кои се едни од најплодните во светот, Иран плаќа 976.000 долари годишно. Канада извезува и оплодени птичји јајца во Хрватска, а Индија ја снабдува со огромни количини жолт грашок. Индија е најголемиот производител на жолт грашок, но и најголем потрошувач.

Малата островска нација Аруба купува ракети за бадминтон од Бразил. Израел од Бразил купува… човечка коса. Бразил е најголем извозник на овој комодитет. Бразил извезува и школки од желки. Најчесто ги купува Нов Зеланд.

Иако Шведска има добро развиен риболов, земјата купува големи количини јајца од пастрмка од Британија. Лондон извезува и многу од своите класични црни такси автомобили, најчесто во Франција.

И САД извезуваат интересни ствари – урината од волци не е првото што ќе ви текне, но Јапонија ја купува во големи количини. Зошто им е? Ја истураат по прометните автопатишта, за да ги држат елените настрана од патот. Кон Канада пак патуваат… панди и телефони. Канаѓаните увезуваат и ракчиња/ракови од Бахамите.

Французите, пак, толку многу сакаат жабји батаци, што нивното сопствено производство не може да ги задоволи нивните потреби. Затоа увезуваат над 4.000 тони жабји батаци годишно, од Индонезија.

- Реклама -