Некои од најопасните аеродроми во светот

Статистиката вели дека воздушниот сообраќај всушност е најбезбедниот (настрана терористички напади и воени инциденти). Во последните 30 години, бројот на жртви е во постојан и брз пад, додека истовремено бројот на патници и летови мултикратно е зголемен.

А сепак, на ова тврдење – дека воздушниот сообраќај е најбезбеден, му фали мало дополнување: зависи каде леташ. Притоа мислиме на дел од најопасните аеродроми во светот, каде по дифолт полетувањето и слетувањето е ризично.

ШПИЦБЕРГЕН, Норвешка

145[1]

Тоа е најсеверниот аеродром на светот, опколен со ледениот океан и непристапни шуми. Природата е идилична, ама низ годините, во авионски несреќи овде има над 140 загинати.

КАИ ТАК, Хонгконг

218[1]

Овој аеродром се наоѓаше сосема во центарот на големиот град, а авионите редовно прелетуваа буквално над облакодерите. Баш заради тоа, аеродромот е затворен во 1998-та.

Интернационалниот аеродром на Лос Анџелес, САД

315[1]

Опасен го прави тоа што е голем. Низ овој аеродром лани поминаа повеќе од 70 милиони патници, а тоа неминовно води до најразлични инциденти, како катастрофи, бомбашки напади, па дури и престрелки.

Аеродром PRINCESS JULIANA, Сен Мартен

Овде не е толку аеродромот, колку што е опасна плажата, но во случај и на најмала грешка, пилотот ќе има поголем биланс на жртви отколку што вози патници.

ТЕНЦИНГ-ХИЛАРИ, ЛУКЛА, Непал

Овој мал аеродром е сместен високо во Хималаите и не случајно се смета за еден од најопасните – силни ветрови, врнежи и магла што ја попречуваат видливоста, коса и кратка писта…

ЧАМДО БАМДА, Кина

610[1]

Се наоѓа на височина од 4334 метри и е еден од највисоките во светот.

ПАРО, Бутан

Се наоѓа високо на Хималаите и е обиколен со врвови повисоки од 5000 метри. Маневрирањето на пистата е исклучително тешко и не секој пилот може да го изведе.

ТУФИ, Папуа Нова Гвинеја

„Пистата“ е обична ливада со земјена лента.

АГАТИ, Индија

96[1]

Се наоѓа на малиoт јужен остров Агати. Простор за маневрирање нема, океанот е веднаш до пистата.

САНДАН, Норвешка 

Аеродромот се наоѓа меѓу два фјорда, а турбуленциите се проблем за секој пилот.

- Реклама -