Throttle/Brake – епизода 19: 911 R – Порше за пуристи

Бонус интересна содржина: Porsche Panamera, Ferrari LaFerrari Aperta и Aston Martin AM-RB 001.

Image-1

Пред половина век, Porsche автомобилите кои се тркаа на најпознатото рели во светот Targa Florio,   и оние кои беа наменети за брзински рекорди, беа означени со едноставен таен код, буквата R (Racing). Во тој дух, 2016 година, кодот R е повторно во функција. Мотор од GT3 RS, мануелен менувач и ултралесна шасија за автомобилот кој е наменет за “вистинските” возачи, Porsche 911 R. 

Image-2
Porsche 911 R 2016 и Porsche 911 R од пред половина век.

Image-3

Porsche 911 R е вистинско освежување и изненадување од Porsche за вистинските вљубеници во возењето на спортските автомобили. Авто ентузијасти кои што веруваат дека дека спортското возење треба да биде производ на возачот и автомобилот, а не само на автомобилот. Базиран е на моделот во заминување 991.1, а ќе се произведе во лимитирана серија од само 991 примероци. Овој автомобил е нов концепт, нова димензија на Porsche во сегментот на GT автомобили. 911 R не е автомобил кој совршено ќе се снаоѓа на тркачките патеки, но со сигурност ќе го направи возењето едно незаборавно искуство.

Моторот е истиот како и кај 911 GT3 RS, односнонајмоќниот атмосферец на Porsche во моментов, 4.0 литарскиот, со шест цилиндри во линија, кој произведува 500 коњски сили и 458 Nm. Менувачот е мануелен, шест степен, кој е перфектно прилагоден со моторот и ја има главната улога во приказната наречена 911 R. Од Porsche нудат и екстра опција за полесен замаец, која според мене е must have кога е во прашање мануелно трансмисија. Автомобилот забрзува од нула до сто километри на час за 3,8 секунди, а максималната брзина достигнува до 324 километри на час. Масата на автомобилот е 1250 килограми, што значи дека е намалена за цели 50 килограми во однос на GT3 RS. Карбон керамичките сопирачки се стандардна опција, но не и клима уред и радио што делува малку фрустрирачки, ако на пример живеете на места каде што температурата е 30 + Целзиусови. За подобра стабилност во свиоците, Porsche и во овој модел го користи системот на ротирачка задна оска, но во споредба со GT3 RS, чувството е сосема различно, чудно, затоа што 911 R го нема масовниот заден спојлер. 

Image-4

Ако за момент го заборавиме фактот дека автомобилот лежи на Cup 2 пневматици и е придвижуван од најсилниот атмосферски мотор на Porsche, на мали брзини, односно нормално секојдневно возење се однесува како Gran Coupe, како автомобил кој не е ни одблизу поврзан со буквата R. Овој факт го прави 911 R уште попривлечен, бидејќи со него можете да одите на работа, на пазар, на забава, на рели, на тркачка патека а притоа во сите прилики да се чувствувате дека сте дел од приказната. Внатрешноста е специјална, преубава, секако типична за секој Porsche, со карбон, кафена кожа, интересни олд скул седишта и 911 R ознаки насекаде. Porsche 911 R ќе обоен во две основни варијанти, со бела основа и црвени или зелени линии и препознатливиот ретро натпис Porsche на долниот дел од вратите, комбинација што по мене е многу фраерска и во исто време покажува дека се работи за легален Cup автомобил. Секако доколку платите екстра, финалниот изглед може да биде по ваш вкус. Перфектен спој на ретро, спортски, луксузни елементи. Е сега, овој автомобил чини €163.000!? За тие пари не добивате клима, радио, а и ако сакате да го купите, за да бидете на списокот треба да поседувате барем еден 911 премиум автомобил. Чудно не? За помалку пари можете да купите 911 GT3 RS, BMW M4 GTS, што се повеќе тркачки ориентирани и побрзи, Aston Martin Vanquish, Lamborghini Huracan со погон на задните тркала… 911 R е универзален спортски автомобил, уникатен, лимитирана серија, преубав изглед, солидни перформанси и доколку треба да бирам помеѓу 911 R и GT3 RS, M4 GTS, или незнам што, би одбрал 911 R. Зошто? Поради фактот дека се работи за уникатен модел, лимитирана верзија, и дека доколку сакам утре да го продадам, нема да изгубам ниту едно Евро, а можеби ќе бидам и во плус, поради фактот дека нема да биде достапен. На крајот на денот вистинските љубители на спортски автомобили не се милијардери колекционери што ќе ги чуваат своите автомобили во гаража да бидат заборавени и да ја изгубат својата вредност. 

Image-5 Image-6 Image-7 Image-8 Image-9

Зборувајќи за Porsche, ќе ја искористам приликата да кажам дека пристигна новата генерација на Porsche автомобили со четири врати, односно Porsche Panamera. 

Image-10

Нова, освежена, посилна, поубава и можеби ќе го има хибридниот систем од 918 Spyder. Од Porsche тврдат дека Panamera ќе биде најбрзиот сериски автомобил во класата луксузни купеа со четири врати или Gran Coupe, и најбрзиот дизел сериски автомобил во светот. Panamera ќе биде понудена со прилично добар избор на агрегати. Пробив на пазарот или како стартен модел ќе биде понудена  Panamera 4S со 2.9 литарски V6 со 440 коњски сили и 4.0 литарски, V8 твин турбо со 550 коњски сили за Panamera Turbo. Panamera Turbo S ќе биде со истата зафатнина но со 600+ коњски сили. Во Европа ќе има и V8 турбо дизел варијанта со 422 коњски сили. Перформансите се вртоглави, ако се земе впредвид дека се работи за лимузина. Турбо моделот ќе забрзува до стотка за 3,6 секунди и ќе има максимална брзина од 305 километри на час, а Turbo S моделот ќе развива максимална брзина од 320 плус километри на час. Внатрешноста е нова и убава, како и надворешноста која во задниот дел со задното долго стоп светло ме потсетува на Bugatti Chiron. Panamera ќе има и активен заден спојлер за подобра управливост и запирање. Околу гласините дека ќе понудат и ултимејт модел со хибридниот погон од 918 Spyder, ќе треба да почекаме, и ако воопшто го има, ќе биде претставен по Panamera Turbo S или ќе биде вграден во Turbo S. Цените за новата Panamera ќе се движат од некаде околу €100.000 до €150.000  за Turbo моделот. 

Image-11 Image-12 Image-13 Image-14

Ferrari LaFerrari Aperta

Image-15

Да не се лажеме, некако потајно длабоко во нас, мислевме, го очекувавме, беше логично. Дами и господа, најмоќниот и најбрзиот топлес модел на Ferrari, LaFerrari Spyder, или по нивно Aperta. 

Засега многу малку се знае за овој болид, но знаеме дека срцето ќе биде од LaFerrari купе, добро познатиот V12 со 947 коњски сили. Забрзувањето е 2,9 секунди до стотка, а максималната брзина ќе биде 350 километри на час. Цената нормално е сеуште тајна, но моите предвидувања се дека цената за LaFerrari Aperta ќе биде од 3 до 3,5 милиони евра. Како и секогаш, сопственици ќе можат да бидат само привилегираните и тие што веќе поседуваат 20 други Ferrari модели. За повеќе информации околу Aperta ќе почекаме до саемот за автомобили во Париз. 

Image-16 Image-17

За крајот на оваа епизода нешто сензационално за Вас, Aston Martin AM RB 001 Nebula. Мислам дека го имаме најбрзиот легален автомобил некогаш направен. Небула е производ од соработката помеѓу Aston Martin и Адријан Њуви од Red Bull F1 тимот, кој е познат како најталентираниот и најдобриот инженер во своето поле, кој уште од мали години имал желба да конструира супер автомобил. Но, Небула ќе хипер автомобил од околу 4 милиони евра, со сооднос на сила и маса 1:1. Во превод, Небула ќе има мада од 1000 килограми и сила од 1000 коњски сили. Знам дека сега низ главата ви проаѓаат мисли дека Koenigsegg One:1 е хипер автомобил со ист сооднос на сила и маса. Да, така е но ве замолува подобро да го погледнете долниот дел, или под Aston Marti Небула. Ќе забележите F1 елементи кои гарантираат неверојатна аеродинамика и downforce. Адријан Њуви тврди дека Небула ќе има исто или подобро време од актуелен F1 автомобил по круг на тркачка патека. 

Image-18

Ќе бидат произведени околу 100 примероци, за кои сеуште се разгледува финалниот изглед и назив. 

И да, ова што го гледате на сликите е легалниот автомобил. Ќе има и тркачка верзија. 

Image-19

Брацо Моралиќ
Брацо Моралиќ

- Реклама -