Во Кина лежат на камења

lying-on-hot-rocks4-600x338[1]

Кога гуштерите и змиите лежат на вжештените камења под жешкото сонце, тоа го прават за да ја регулираат температурата на телото. Кога средовечни и постари жени од кинескиот град Ксиан го прават тоа, кој ќе ги знае зошто?

Барем на почетокот беше мистерија, но потоа излезе дека се работи за најновиот летен здравствен тренд меѓу жените од Ксиан. Често ќе ги видите како гушкаат поголеми камења или едноставно лежат на нив со крпи преку лицата, и тоа низ целиот град, од паркови до плоштади и секаде каде што има топол камен.

Првично, луѓето мислеа дека жените се дел од некаков мистериозен уметнички перформанс, но кога локалните репортери ги прашаа жените лично, тие одговорија дека тоа е традиционален медицински третман кој им помага да излечат разни болести.

lying-on-hot-rocks3[1]

Една жена, именувана само како Ло, вели дека почнала да лежи на камења за да го третира својот синовитис (восплание на синовијалната мембрана која ја обвиткува зглобната капсула) и вкочанетите мускули. Ло раскажува дека нејзина блиска роднина долго време страдала од слични болести и маки, а се излечила правејќи го тоа што сега го прави Ло. Наводно, најдоброто време за да се лежи на камења е меѓу 15 и 16 часот, кога сонцето гори најсилно и најжешко.

Зошто само жени? Кога се работи за лежење на вжештени камења, „послабиот пол“ по сé изгледа е многу поотпорен од мажите. Како што известува „Шанкси Дејли“, и мажите некогаш му даваат шанса на третманот, но камењата им се прежешки за да можат да поднесат. Една друга жена вели дека нејзе и на мајка ѝ им е сосема удобно, но дека ете, нејзиниот сопруг не може ниту да ги допре жешките камења.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

lying-on-hot-rocks2[1]

И покрај чудната популарност на лежењето на жешки камења во Ксиан, докторите предупредуваат дека постојат и ризици од ваквата пракса. Велат дека изложувањето на телото на екстремна жештина може да резултира со серија на сериозни здравствени проблеми, од изгореници и пликови до топлотни удари. Докторите исто така истакнуваат дека е малку веројатно третманот да има некакви здравствени бенефити врз луѓето што го практикуваат. Една жена на 70-тина години и лично се увери во тоа, откако заработи болна изгореница на стомакот.

Сепак, негативниот публицитет што жешките камења го добија во кинеските медиуми во последно време се чини дека нема ефект на жените од Ксиан, кои сé уште можете да ги видите како лежат по камењата низ градот. Мажите, пак, ги користат на други начини: како на пример Кинезот што симна 30 кила, носејќи на главата камен од 40 килограми.

lying-on-hot-rocks[1]

- Реклама -