Заборавениот гламур на Гранд Хотел

Screen-Shot-2016-06-27-at-5.39.41-PM[1]

Во средината на 20-от век, фрчеа ветувања беа дека Grande Hotel ќе донесе богатство и просперитет во Беира, Мозамбик, кој тогаш беше под португалска контрола. Вратите на хотелот беа отворени во 1955, угостувајќи ги најбогатите меѓу богатите – меѓу нив и холивудската старлета Ким Новак. Хотелот имаше повеќе од 100 декадентно уредени соби, импресивен базен и префинета кујна и храна. Сепак, Гранд Хотел беше премногу амбициозен и премногу екстравагантен за да може да опстане. Беше затворен за помалку од една декада по отворањето.

Денес, остатоците од хотелот се дом на повеќе од 1.000 сиромашни луѓе. Беше засолниште за бегалците за време на Граѓанската војна, а во многу аспекти, засолниште (за луѓето со таква потреба) е и денес.

Screen-Shot-2016-06-27-at-5.39.21-PM[1]

Фери Верхеџ е фотограф од Холандија. Татко му живее во Мозамбик. Гранд Хотел го привлекол неговото внимание при една од посетите. Кога конечно решил да го фотографира, бил изненаден од луѓето што ги сретнал таму.

Ferry_Verheij_Grande_Hotel005

Луѓето што живеат во Гранд Хотел технички се „скватери“ – луѓе што населуваат напуштени објекти/области, и се под постојана закана од иселување. Во околината пак, овие луѓе се мета на предрасуди и стереотипи; еден од локалните жители го предупредил фотографот дека „мора да е луд за да сака да го посети Grande Hotel“.

012_Verheij_Grande_Hotel_BK

Сепак, тоа што Верхеџ го посведочил со свои очи било далеку од лудилото што аутсајдерите му го припишуваат на Гранд Хотел. Да, тој сретнал луѓе кои навистина се сиромашни, но во исто време и напорно работат и се снаодливи. Родителите наоѓаат начини да ги задржат работните места, а децата секој ден се подготвуваат и одат во школо. Во оваа заборавена палата, како што сведочи фотографот, рамо до рамо живеат три генерации луѓе, кои се обидуваат меѓусебно да си помогнат на секој можен начин.

FFN-Ferry-Verheij-001_Grande-Hotel_70x105Сепак, издржливоста на овие луѓе не значи дека не се соочуваат со големи тешкотии, секојдневно. Структурата на хотелот е прилично вредна, па делови од зградата се срушени и продадени. „Хотелот“ не е безбеден, а пристапот до чиста вода е благо речено – лимитиран. Нема канализација, па во делот каде што живеат „скватерите“ владее мирис што фотографот „никогаш нема да го заборави“.

009_Verheij_Grande_Hotel_BK

008_Verheij_Grande_Hotel_BK

Но Верхеџ нема да го заборави ни длабокиот респект што неговите субјекти во фотосесијата „The Grande Hotel“ го побудиле кај него. Да, нивните животи се тешки и комплицирани, но луѓето се снаоѓаат. Одејќи низ ходниците денес, сведочи тој, „уште можеш да ја почувствуваш грандиозноста што хотелот некогаш ја имал“. А баш во тоа лежи трогателноста на целата приказна: ова место беше замислено да биде божествен рај, а наместо тоа, заврши како последно уточиште.

006_Verheij_Grande_Hotel_BK 005_Verheij_Grande_Hotel_BK 004_Verheij_Grande_Hotel_BK 002_Verheij_Grande-Hotel_T1A4913

- Реклама -