Најголемите плачковци на Олимпијадата

Доминиканецот Феликс Санчез се воздржуваше од плачење во текот на целата Олимпијада со надеж деак ќе освои златен медал во чест на неговата баба.

Тој беше шампион на 400 метри со пречки во Атина но не успеа да го повтори успехот во Пекинг откако дознал дека неговата баба умрела кратко пред неговата прва трка. Тој не помина во полуфиналето но беше решен да се врати за четири години.

Шин А-Лам од Јужна Кореја имаше емоционална реакција чекајќи го резултатто на жалба за техничка грешка за време на женското полуфинале во мечување против Брита Хеидеман од Германија.

Освојувачот на златен медал Сер Крис Хој од Велика Британија не можеше да ги задржи емоциите за време на церемонијата за доделување на медали за велосипедизам.

Не е јасно дали Евгенија Колодко од Русија се расплака од среќа или жал по освојувањето на бронза во фрлање ѓуле.

Бриџит Фостер-Хилтон од Јамајка се расплака по повредата за време на трчање 100 метри со пречки.

Касуми Ишикава и Сајака Хирано од Јапонија се расплакаа по победата против Сингапур во полуфиналниот пинг-понг натпревар.

Анемиек де Хаан од Холандија стана емоционална откако нејзиниот тим заврши на трето место во веслање.

Фелипе Китадаи од Бразил се расплака по неговиот џудо меч.

Сун Јанг од Кина не излезе ни од базенот пред да почне да го прославува златниот медал во 1500 метри слободен стил.

Габи Даглас од Америка, која освои злато во гимнастика, ја теши Викторија Комова од Русија која го освои среброто.

Кетрин Коупленд и Софи Хоскинг од Велика Британија се расплакаа пред да ги добијат своите златни медали во веслање. [Olympians crying]

- Реклама -