Феноменот наречен „balancing stones“ (балансирани камења) не само што привлекува многу туристи, туку ги восхитува и самите геолози, а и сé повеќе уметници.
1. Колорадо, САД
Пред некои стотина милиони години, денешно Колорадо било покриено со плитко море, кое постепено се претворило во песочник. При појавата на Карпестите планини, меките делови од песокот еродирале, а поцврстите останале на место, и го формирале тоа што денес во Колорадо се нарекува Garden of the Gods (Градина на боговите), која изобилува со балансирани камења.k
2. Зимбабве
Слично на Колорадо, и тука овие формации се резултат на ерозијата, при што еродирале помеките карпи. Во Зимбабве ги има на неколку места, а областа е толку популарна што ја има на една од банкнотите на Зимбабве.
3. Чирикахуа, Аризона, САД
Пред 27 милиони години, еруптирал вулканот Turkey Creek, покривајќи огромна територија од денешна Аризона со пепел и лава, која постепено се наталожила во форма на мек камен слој. Овој камен слој не бил нешто којзнае колку цврст, па надворешните слоеви еродирале, оставајќи го само најцврстиот внатрешен дел. Научниците тврдат дека во следните илјада години, камењата во Аризона се безбедни од ерозија. Според нив, единственото нешто што во денешно време може да ги собори е силен земјотрес, макар што неодамна ги погоди баш таков, од 7.2 степени по Рихтер. Камењата претрпеа само минорна штета, за разлика од околните градби.
4. Torcal de Antequera, Шпанија
5. Idol Rock, Јоркшир, Велика Британија
Чудните камења Бримхам во Јоркшир (од кои Idol Rock e дел) се формирани пред околу 400 милиони години, кога областа била под река. Во еден период, околните планини биле покриени со глечери, а каде што има глечери, има и таканаречени глечерски ветрови. Овие ветрови носеле песок врз камењата со голема брзина, кој пак ги избрусил во оваа форма денес, што изгледа како природата апла да си играла кога ги редела.
6. Каменот Кумакиви, Финска
Во превод, името значи “чуден камен”. Како што се ширеле глечерите, мразот ги кревал карпите и камењата што се испречувале на патот и некогаш ги носел и на оддалеченост од стотици километри. Кога мразот се повлекува, камењата остануваат на местото. Има и научен израз за вака настаните балансирани камења – ератици (еrratics).
7. Холистон, Масачусетс, САД
Холистон не е толку интересен заради потеклото (класичен ератик), но е интересен заради човекот што се обидел да го бутне. Според легендата, тоа бил Џорџ Вашингтон. Резултатите се очигледни – ги нема.
8. Во меѓувреме, во Норвешка
9. Топката на Кришна, Махалбалипурам, Индија
Потеклото на овој камен е мистериозна, бидејќи не се знае дали е дело на природата, или бил донесен на местото од луѓе. Според легендата, во 1908 година, локалниот англиски гувернер одлучил дека каменот е опасен и дека треба да се премести. Наводно седум слонови подоцна, каменот не се ни помрднал.
10. Пагодата “Златна карпа”, Мјанмар
И оваа 7-метарска карпа е мистериозна, бидејќи глечери во Бурма (старото име на Мјанмар) речиси нема. Локалната легенда зборува за тоа дека карпата е намерно поставена таму за да биде место за почитување на Буда.