Минатиот месец, Гугл најави дека ќе им допушти на корисниците да изберат име (ццц, не научија и не научија) за новата верзија на нивниот оперативен систем. Најпопуларен предлог излезе Nutella.
Барем на Твитер, потпретседателот на секторот за Android, Chrome OS и Play Storе – Хироши Локхајмер, наговести дека му се допаѓа идејата, објавувајќи менија од ресторани кои го користат Нутела – најпознатиот чоколаден крем.
Во меѓувреме, ќе почекаме официјална потврда.