„Газет ривју“ направи листа од топ 10 држави со најинтелигентни жители во светот. Листата е направена со комбинирање на резултатите од тестовите за интелигенција, резултатите на учениците на тестовите по математика и статистиките за високото образование на населението.
10. Шведска
Просечниот коефициент на интелигенција во Шведска изнесува 101. Оваа земја има добар образовен систем во кој повеќето од трошоците паѓаат на државата. Ништо чудно со оглед на тоа што факултетите се достапни за повеќето, а поголемиот процент од населението е високо образован. Освен тоа, Шведска е втора земја по светот според користење компјутер на работното место. Со компјутери работат дури 75% од вработените.
9. Австрија
Просечниот коефициент на интелигенција во Австрија изнесува 102, а толку е и во Германија и во Италија. Австрија има еден од најдобрите образовни системи на светот, а во споредба со остатокот од светот, има и најголем број докторски титули меѓу работната сила. Од 1.000 жители, дури 7 жени и 9 мажи се доктори на науки.
8. Германија
Сите тие филозофи, научници и уметници низ историјата на Германија се доволно објаснување зошто голем број од граѓаните завршуваат факултети од овие области.
7. Италија
Италија е земја со некои од најпознатите уметници на сите времиња. Ама е дом на многу иноватори на полето на науката и технологијата. Просечниот IQ изнесува 102.
6. Холандија
Просечниот коефициент на интелигенција во Холандија изнесува 103. Оваа земја има многу добар образовен систем, особено за децата – тие го имаат деветтиот најдобар резултат на математичките тестови во светот.
5. Сингапур
Стереотипот се покажува како вистина: на врвот на листата на најинтелигентни луѓе се наоѓаат Азијците. Просечниот коефициент на интелигенција во Сингапур изнесува 103, а државата има зошто да се гордее со својот одличен образовен систем. Не само што се гордее, туку вложува и многу пари во образованието.
4. Тајван
Просечниот коефициент на интелигенција во Тајван е 104. Жителите овде зборуваат кинески и англиски јазик, што им овозможува професионална соработка со остатокот од светот.
3. Јапонија
Јапонија е позната по исклучително ригорозниот образовен систем, кој бара од учениците да посветуваат многу време на учење. Писмени се дури 99% од Јапонците. Универзитетот во Токио се смета за најдобар во Азија, а Јапонија за еден од светските лидери на полето на научните истражувања. Просечниот IQ во Јапонија е 105.
2. Јужна Кореја
Медиумската куќа „Блумберг“ ја прогласи Јужна Кореја за најиновативна земја во светот. Студентите имаат трет најдобар резултат на математичките тестови, а на истражувања и развој на нови идеи се трошат еден куп пари. Јужна Кореја има и најбрз интернет. Просечниот коефициент на интелигенција изнесува 106.
1. Хонгконг
Во посебната административна област во Кина – Хонгконг, живеат најмногу луѓе со висок коефициент на интелигенција. Просечното IQ е 107. Студентите во Хонгконг постигнуваат најдобри резултати на тестовите по математика и другите предмети, а имаат и најдобар образовен систем, по Финска. Учениците се исклучително амбициозни, па запишуваат и дополнителни активности за да ги зголемат своите шанси за вработување.