Мобилниот на Обама

gty_obama_flint_water_02_jc_160504_4x3_992[1]

Обама се пожали како со љубомора гледал кога Мишел и ќерките користат смартфони, додека тој мора да користи ограничен уред, заради безбедноста.

На гостувањето во популарното The Tonight Show беше прашан дали можеби користи BlackBerry, по што одговори дека неговиот телефон воопшто не е толку современ. Производителот и бројот на моделот не ги наведе, но рече дека од сигурносни причини, неговиот мобилен не може да фотографира, не може да пушта музика, да праќа пораки, ниту да остварува телефонски повици.

Ај, ќе издржи Обама уште неколку месеци, кога му престанува мандатот и кога конечно ќе може да ужива во сите убавини на современата технологија и да се врати на поранешниот живот, за кој вели дека со душа го чека.

- Реклама -