Плацебо ефектот како изговор за купување на глупости

landscape-1433165096-gettyimages-150435507[1]

Секој си има свој омилен лек што не работи, а во кој се колнеме дека ни помага. Било да е витамин Ц кога сите на работа се настинати, било да е ваков или онаков чај кога сме на диета, или се стегачите кога трчаме. „Па и да не работи, барем нема штета“ – си викаш и си продолжуваш со истото. А всушност, овие плацебо решенија се штетни, и со нив само се залажуваме.

Само затоа што една таблета или некој чај не е отровен, не значи дека е безопасен: си потрошил време, пари, и труд на него. И тоа труд кој си можел да го посветиш на нешто што навистина помага. Дури полошо, ако ти изгледа дека тебе „ти делува“, можеш да потонеш во заблуда дека навистина делува. Многу од нас истураат тони надеж и пари во псевдомедицински третмани/диети/тренинг режими кои воопшто не работат, и сето тоа само затоа што плацебо ефектот прави да мислиме дека делуваат.

Колку ти тежат слични вакви мисли кога купуваш пакетче Витамин Ц од 1000 милиграми? Веројатно ич, и тоа си е твоја одлука, ама ај да ја видиме и другата страна – дека треба да те мачат повеќе од ич. Сепак, ако сме доволно опен-мајндед за да пробаме нешто што не е докажано дека работи, треба да сме и доволно опен-мајндед за да си признаеме и дека можеби ќе ни биде подобро без тоа.

Плацебо ефектот не е корисен колку што мислиме

Пред многу време, истражувачите открија дека пилула или инекција без вистински лек во содржината може да ги ублажи симптомите – некогаш подеднакво добро како и вистинските лекови. Откривањето на „плацебо ефектот“ го промени начинот на кој докторите ги (пр)оценуваат лековите. Бидејќи состојбата на пациентите може да се подобри со лажен лек, тестовите на лековите често го споредуваат лекот што се тестира со плацебо, со надеж дека кај пациентите во двете групи ќе има подобрување. За еден лек да го помине тестот, не само што треба да работи, туку треба да работи подобро од плацебото.

Па, ако плацебото може да направи да ти е подобро до тој степен што се користи како репер при тестирање на нови лекови, зошто тогаш намерно да не се експлоатира овој ефект од лажните лекови, нели? На крај краева, шеќерна пилула е поевтина од вистинскиот лек и не би требало да предизвика некакви сериозни споредни ефекти. Ако нашиот ум може да го излечи нашето тело (или барем ако направи да се чувствуваме подобро во тој поглед), зар тоа не е доволна корист?

За жал, плацебото не „работи“ така. Иако синергијата на умот и телото може да е заслужна за дел од плацебо ефектот, главнината на истиот е базирана на фактори што воопшто не се предизвикани од плацебото. Во 1997 година, двајца научници го анализираа извештајот од 1955 кој го идентификуваше плацебо ефектот како значаен во медицината. Најдоа дека најголем дел од ефектот не беше психолошки, туку резултат на фактори што ќе се случеа и без лажно апче. Многу од овие фактори важат и во секојдневниот живот:

• Состојбата на луѓето природно им се подобрува со текот на времето. На пример, тест на третмани за настинка откри дека состојбата на луѓето под плацебо им се подобрува за 6 дена. Ама со оглед на тоа што настинката трае околу 7-10 дена, со најлоши симптоми во првите 3 дена, токму тоа и се очекува да се случи, дури и без плацебо.
• Луѓето земаат плацебо откако веќе се чувствуваат подобро. Во некои студии, на пациентите им е дадено плацебо дури кога состојбата им била под контрола; ако имале сериозни симптоми, им биле давани вистински лекови. Во тој тест, плацебото беше прогласено за заслужно за држење на симптомите под контрола. Исто како ако кога третирате благи симптоми со витамини, ама кога ќе згусти отидете на доктор, да речете дека витамините ве излечиле.
• Плацебото може да не е единствениот третман. На луѓето што тестирале лекови за настинка им било дозволено да одмараат, да имаат топли бањи, и други нешта што би можеле да им помогнат да се чувствуваат подобро. Во тој контекст, ако пиеш чај за слабеење додека си на диета, губењето на тежината е веројатно резултат на диетата, а не на чајот.
• Симптомите се менуваат. Во тестовите, на плацебото му биле припишувани заслуги кога на луѓето им било подобро, но истражувачите не го посочувале плацебото како виновник кога симптомите се влошувале. На пример, во еден експеримент, на 21% од испитаниците со преживеан удар им се подобрила состојбата под плацебо, ама 53% умреле. Научнциите го опишале плацебото како „21% ефективно“. Ако ги бележиш само моментите кога лажниот третман делува, и спокојно ги игнорираш моментите кога не делува, тоа е класична заблуда (американците го викаат confirmation bias).

Ние луѓето сме супед подложни на вакви грешки кога ги проценуваме сопствените искуства. Ако мускулите ти се воспалени и пиеш сок од јагода и следниот ден ти е подобро, можеш да решиш дека џусот тебе лично ти делува – иако би ти било подобро и без него. Да се стане жртва на когнитивните заблуди не значи дека сме наивни или глупави; само значи дека сме луѓе.

Во крајна линија, да се проба нешто бескорисно со надеж дека ќе профитираме од плацебо ефектот не е баш најдобра стратегија. Дури и ако се чини дека плацебото „делува“, може да не ти е воопшто од корист.

a2u6c0dfudlethzmruse[1]

Теза: Плацебото е безопасно
Антитеза: Трошењето на време, пари и надеж не е безопасно

Според истражувањето на пазарот спроведено од компанијата Mintel, во 2012-та година, на хомеопатија се потрошени 6.4 милијарди долари. Да потсетиме, хомеопатијата е форма на алтернативна медицина што не содржи никакви лекови, а куп компетентни ќе се заколнат дека е докажано ѓубре.

Во меѓувреме, според TABS Analytics, витамините и нутритивните суплементи заработуваат скоро 12 милијарди долари годишно. Спортските нутритивни суплементи – 2.6 милијарди. Поинаку кажано, можеш да потрошиш 25 долари на диетален чај, 75 долари на компресиони шорцеви за трчање, 200 долари на курс за користење на хомеопатски медицински сет, 350 долари на 7-дневен чај за детоксикација, 500 долари на пирамида за добри духови или штодае, 2000 долари на светло во боја што ќе ти ги поправи чакрите, и така до недоглед.

Ствариве знаат да бидат скапи. И како и витаминот Ц, не ги купуваш затоа што работат; ги купуваш затоа што се надеваш дека работат. Единствената разлика од едно до друго е што можеш да си дозволиш да платиш.

Ама сомнителните лекови и терапии коштаат повеќе од само пари. Наплаќаат и во време и надеж. Ако си потрошил неколку часа кај доктор што не може да го излечи тоа што те мачи, си можел да ги потрошиш тие часови кај некој што ќе те излечи со проверена медицина.

Исто така можно е и да го пролонгираш барањето на вистинска терапија (уште полошо, вистинска терапија во момент кога би била најефикасна), а некои можат и да кренат раце откако ќе решат дека „пробале сé“ и „ништо не помага“ т.е. нивниот проблем е нерешлив.

На емотивната добросостојба исто така треба да се внимава. Ако си ги кренеш надежите, потиштувањто кога ќе увидиш дека одреден третман не работи може да те разочара. Па така, дури и да решиш да ја пробаш најновата диета или новото магично апче со префикс „смарт“, „природно“ или слични, земи ги во предвид сите аспекти и сите потенцијални негативни ефекти, дури и ако изгледа дека „нема штета“.

- Реклама -