Петте најдобри натпревари на европските фудбалски првенства

Франција 4-5 Југославија (1960)

ep1

Натпреварот со најмногу голови во историјата на европските првенства се случи пред 56 години, кога Југославија ја порази Франција со 5-4 во првиот меч на европските шампионати.

И Франсоа Хојте и Дражен Јеркович постигнаа по два гола.

Југославија поведе во 11′ минута, но мораше да се спасува со три гола во 4 минути доцна во второто полувреме, кога губеше со 1-3.

Турција 3-2 Чешка (2008)

Turkish goalkeeper Volkan Demirel (L) catches a ball as Czech midfielder Jan Polak lies on the ground during the Euro 2008 final group A match Turkey vs. the Czech Republic on June 15, 2008 at the Stade de Geneve, in Geneva. The Czech Republic leads 2-1. AFP PHOTO / FABRICE COFFRINI -- MOBILE SERVICES OUT -- (Photo credit should read FABRICE COFFRINI/AFP/Getty Images)

Ова беше еден од најзабавните натпревари во историјата на европските шампионати.

Турција беше едно од изненадувањата на турнирот и како бура помина низ групната фаза, стигнувајќи до полуфиналето со огромен пресврт против Чешка, од која губеше со 0-2.

Им помогна и големата грешка на Петр Чех, но двата гола на Нихат Кавечи и ударот на Арда Туран сосема заслужено им ја донесоа победата.

Во продолжението на второто полувреме, турскиот голман Волкан Демирел доби црвен картон, а бидејќи Турција немаше веќе измени, Тунчај Санли беше оставен на голот додека Турција го бранеше резултатот што ги однесе во нокаут фазата.

Од турска перспектива:

Шпанија 4-0 Италија (2012)

KIEV, UKRAINE - JULY 01: (L-R) Xavi Hernandez, Fernando Torres, Jordi Alba, Xabi Alonso, Andres Iniesta and Alvaro Arbeloa of Spain celebrate during the UEFA EURO 2012 final match between Spain and Italy at the Olympic Stadium on July 1, 2012 in Kiev, Ukraine. (Photo by Shaun Botterill/Getty Images)

Двете репрезентации веќе се имаа сретнато во групната фаза на Еуро 2012, кога ги поделија бодовите по финалниот резултат од 1-1 во Гданск.

​И покрај тоа што трите гола на Марио Балотели ја провлекоа Италија до финалето, тие не можеа да ги совладаат импресивните Шпанци, кои ги растурија со 4-0.

Давид Силва, Џорди Алба, Фернандо Торес и Хуан Мата – сите постигнаа по еден гол, и со тоа ја извојуваа најубедливата победа во сите финалиња на европските првенства. Тоа им беше трета последователна шампионска титула на големите интернационални натпревари, по таа на Евро 2008 и Светското првенство во 2010-та.

Англија 4-1 Холандија (1996)

ep4

Ви текнува кога Англија уствари беа добри?

И Теди Шерингам и Алан Ширер постигнаа по два гола, и тоа три за 11 минути, доволни за да ја растурат Холандија на Вембли.

Холандскиот тим ги имаше Едвин ван дер Сар, Сидорф и Беркапм, ама тие не беа достојни да се справат со избраниците на Тери Венаблс, кои завршија на чело на групата.

И покрај тоа што беа еден од фаворитите пред почетокот на првенството, и се провлекоа преку четврт-финалето против Шпанија на пенали, не можеа истото да го направат и во следната рунда против Германија, кога изиграа 0-0 па изгубија во пенал рулетот.

Данска 2-0 Германија (1992)

GOTHENBURG, SWEDEN - JUNE 26: Kim Vilfort of Denmark is mobbed by team-mates after scoring the second and winning goal during the UEFA European Championships 1992 Final between Denmark and Germany held at the Ullevi Stadium on June 26, 1992 in Gothernburg, Sweden. (Photo by Shaun Botterill/Allsport/Getty Images)

Данска не ни требаше да настапува на Европското првенство во 1992, па фактот што беа шампиони, и тоа против Германија во финалето, е уште поневеројатен.

На Данска ѝ беше дозволено да учествува само откако Југославија беше дисквалификувана заради распадот и војните во тоа време, но Јон Јенсен и Ким Вилфорт се погрижија да ја искористат шансата за да го направат најголемото изненадување во историјата на европските првенства, а и најголемиот момент на Данска на светската спортска сцена.

- Реклама -