Казна за секс на плажа и до 500 евра

polihrono-odmor[1]

Вие може сте на одмор, ама законите во земјите каде ќе одите не се. Пред целосно да се опуштите, добро пребројте си ги парите, бидејќи малите опуштања можат многу да ве чинат.

Секс на плажа или во вода (!) се смета за нарушување на јавниот ред и мир и се санкционира со парична казна од 150 евра во Хрватска, па до 500 евра во Шпанија.

Оставањето чадори на плажа за да чуваат место во Шпанија може да ве чини 150 евра.

Тие што ќе се шетаат непристојно облечени во историскиот дел на Дубровник (во костим за капење или бикини) ќе платат казна од 66 до дури 332 евра.

За купување на стока без фискална сметка во Грција може да бидете казнети со 200 евра.

Ценовник на помали и поголеми задоволства:

ШПАНИЈА

200-600 евра – шетање вон плажа во костим за капење
30-60 евра – пушење на јавни места каде што тоа е забрането
500 евра – секс на плажа
150 евра – оставање чадори на плажа
до 1.500 евра – кампување на плажите каде што не е дозволено

ХРВАТСКА

66-332 евра – нудизам на недозволено место
150 евра – Секс на плажа
66-332 евра – шетање во костим за капење вон плажа

ТУРЦИЈА

100 евра – Пушење на аеродромот
200 евра – Секс на плажа

ГРЦИЈА

200 евра – купување од уличните продавачи без фискална сметка
30-60 евра – пушење на јавни места
80-150 евра – носење на свој пијалок во базените со мини бар
Исфрлање од собата – недозволено користење на клима
Сообраќајни прекршоци
40-80 евра – непрописно паркирање
40-750 евра – брзо возење
350 евра – возење без појас
78-625 евра – возење во пијана состојба

ЦРНА ГОРА

193-3860 евра – конзумирање на наркотици
193-3474 евра – правење скара и загадување на природата
193-1351 евра – вознемирување на граѓаните
300 евра – казна за непријавен престој и неплаќање на казните за престој
Сообраќајни прекршоци
40-100 евра – возење без појас
70-2000 евра – возење во пијана состојба
450 евра – претекнување на колона возила
300 евра – преминување преку полна линија
до 2.000 евра – брзо возење

- Реклама -